Што сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?

Што сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?

Перењето на ниски температури реално ја намалува потрошувачката на енергија, но во исто време носи и голем ризик за здравјето, бидејќи не ги чисти сите микроорганизми насобрани на постелнината, крпите и облеката. Перењето на 30 до 40 степени Целзиусови отстранува само мал дел од микроорганизмите и прашинските грини. Од друга страна, кога переме на 60 степени, нивното отстранување е речиси 100%.

Што сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?

Поради тоа, пред перење, облеката, крпите и постелнината треба да се селектираат, а за белите препорачливо е да се користи и избелувач. Особено внимание треба да се обрне на детската облека, бидејќи често се валка. Користете и соодветен детергент и средство за дезинфекција при перење. Луѓето кои се целосно здрави нема да почувствуваат негативни влијанија од недоволниот хемиски третман на испраните ткаенини, што не е случај кај болните и лицата со намален имунитет, особено оние кои штотуку излегле од болница.

Освен визуелно, облеката треба да биде и хемиски чиста. Сетете се дека вашите баби, а можеби и мајките, белата долна облека, навлаките за перница и чаршавите ги вриеја на 100 степени. За машинско перење, најдобро е тоа да биде на најмалку 60 степени Целзиусови, за да бидете сигурни дека се отстранети сите мртви клетки кои паднале од кожата, прашинските грини и невидливиот дел од инсектите.

Што сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?

Како да изберете детергент?

Постојат два вида детергенти, небиолошки (содржи избелувач и дезинфекциски честички) и биолошки, со ензими и протеини кои реагираат со нечистотиите. Исто така, дајте му предност на прашокот за перење, наместо на течниот детергент, бидејќи според експертите, содржи поголема концентрација на избелувач и дезинфициенс.

Долна облека

Долната облека, заедно со крпите и постелнината, може да содржат голем број бактерии како што се стафилокока и ешерихија коли. Затоа треба да се перат на високи температури, а потоа и да се испеглаат, за целосно да бидат исчистени од штетните микроорганизми. Особено е важно да се внимава на перењето на долната облека на лица кои страдаат од некоја болест.

Бебешка облека

Облеката на бебињата и малите деца треба да се пере одвоено од онаа на возрасните, со специјален детергент. Особено треба да се внимава во истата тура во машината да не се перат крпи од тоалетот и кујната.

Што сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?

Кујнски крпи и готвачки униформи

Тие често се контаминирани со остатоци од храна и бактерии како ешерихија коли и салмонела. Перете ја облеката за готвење одделно од останатата и секако, на повисока температура, за да избегнете овие бактерии да ги пренесете на останатите членови на семејството.

Чистење на машината за перење

Машините за перење задржуваат дел од нечистотијата од облеката и поради тоа треба најмалку еднаш месечно (а може и еднаш неделно) да се пушти да испере „напразно“ со силен детергент на највисока температура. Исто така, ефикасно е и чистењето со оцет и сода бикарбона. Содата се става во делот за прашок, а оцет во преградата за омекнувач и се пушта на 90 степени. Редовно чистете го и филтерот на машината, но и дезинфицирајте ја фиоката за детергент.

Прочитајте и што сè може да исчистите во машината за перење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар