Медитација за почетници: 7 совети за оние кои мислат дека не можат да медитираат

Медитација за почетници: 7 совети за оние кои мислат дека не можат да медитираат

Една од најздравите вештини кои можете да ги научите е медитацијата. Многубројни истражувања ги покажале придобивките од неа – од подобрување на имунитетот до намалувањето на стресот. И сега, науката покажува дека медитацијата може да направи промени дури и во физичката структура на мозокот!

meditacija-za-pochetnici-7-soveti-za-lugje-koi-mislat-deka-ne-mozhat-da-meditiraat-kafepauza.mk

Сепак многу луѓе велат дека им е тешко да медитираат, па доколку сте едни од нив, погледнете ги овие едноставни совети.

1. Почнете со само 2 минути

Едноставно седнете и фокусирајте 2 минути на вашето дишење. Штом ќе ви стане удобно со 2 минути, зголемете го времето на 3, па на 4 и така натаму.

2. Не грижете се за „чистење“ на умот

Вашиот ум ќе талка, тоа е неизбежно. Само насмевнете се и вратете го фокусот на дишењето.

3. Медитирајте наутро

Многу луѓе забораваат да медитираат бидејќи немаат рутина. Медитирањето наутро е одличен начин да создадете навика.

4. Развијте став на прифаќање

Додека седите сами со себе ќе почувствувате различни емоции како анксиозност и стрес. Ние се обидуваме да избегаме од овие чувства, но сега е време да ги прифатите. Едноставно насмевнете се, прифатете дека се чувствувате така и вратете го фокусот на дишењето.

5. Не се грижете за тоа дали медитирате грешно

Целта на медитацијата не е да го исчистите вашиот ум. Всушност, не ни има цел која се противи на оваа техника. Едноставно бидете тука и сега.

6. Фокусирајте се на некој предмет

Многу почетници учат да се фокусираат на нивното дишење, но исто толку ефективно е и да се фокусирате на некој предмет. Потрудете се предметот да биде мал за да не мора да мрдате со очите.

7. Очекувањата нека ви бидат реални

Да, постојат истражувања за придобивките од медитацијата, но нема да ги решите сите ваши проблеми за една недела или еден месец. Потребно е време за сите добри работи.

Запомнете, медитацијата нема секогаш да биде мирна или забавна. Но, ако се држите до рутината по неколку недели или месеци ќе почнете да уживате во оваа техника и ќе почнете да ги чувствувате нејзините придобивки.

Ако навистина не можете да се сконцентрирате, погледнете ги и овие алтернативни форми на медитација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар