5 секс трикови за посилен оргазам

Колку и да мислите дека сексот со партнерот ви е добар, секогаш може да стане уште подобар. Нешто сменете, нешто додадете и веќе имате услови за многу пожешки мигови во спалната соба.

5-seks-trikovi-za-posilen-orgazam-kafepauza.mk

Искористете ја перницата

Перницата може да ви помогне секоја секс поза да ви биде поудобна и да ви овозможи да искусите нови видови задоволства. Ставете ја под грбот или стомакот за да го промените аголот на пенетрација. Задоволството ќе биде загарнтирано поголемо.

Облечете чорапи

Можеби чорапи во кревет не звучи баш како секси идеја, но сексолозите тврдат дека благодарејќи на фактот што тие имаат моќ да ја регулираат температурата на целото тело, може да нè доведат до врвни, претходно неискусени задоволства.

Игри со врзување

Со помош на малку фантазија, неговата кравата или вашата марама можат да постанат одличен секс-реквизит. Врзете му ги рацете или очите кога најмалку очекува и ќе разбудите вистински сексуален ѕвер. Потоа заменете ги улогите.

Не заборавајте на бакнежите

Кога ќе почувствувате дека се приближувате до оргазам, погледнете го партнерот во очи и почнете страсно да го бакнувате. Ова ќе ве доведе до многу посилно задоволство, кое ќе го почувствува и партнерот.

Променете ја просторијата

Креветот е удобен, но постојат толку други можности – масата, шанкот, каучот, туш-кабината… Испробајте нешто ново, сигурно нема да зажалите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар