7 чекори да се ослободите од акните за само две недели

Доколку имате проблем со мозолчиња, веројатно веќе сте пробале едно чудо козметички третмани, а ако се работи за нешто посериозно, сигурно сте посетиле и доктор. Но, всушност, со мали промени во исхраната, за само две седмици, можете да поостинете големи промени во изгледот на вашата кожа.

7-chekori-da-se-oslobodite-od-aknite-za-samo-dve-nedeli-kafepauza.mk

1. Омега 3

Доколку ја збогатите храната со омега-3 масни киселини, многу ќе си олесните во борбата против акните. Јадете свежа риба 3-4 пати неделно, но не од оние од мрестилиште, заради поголемата количина жива што ја содржат. Ако не сте љубители на риба, земете рибино масло и конзумирајте го како додаток во исхраната.

2. Исфрлете го шеќерот

Не само шеќерот, туку се препорачува да го исфрлите и овошјето на некое време. Овошјето е многу здраво, но содржи шеќер кој влијае на хормоните и може да предизвика воспаление ако имате чувствителна кожа и се борите со акни. Рафинираниот шеќер докажано создава зависност како кокаинот. Тој предизвикува брз пораст на нивото на шеќерот во крвта, што пак предизвикува покачено лачење на инсулин. Тоа поттикнува раст на клетките околу порите на кожата и лачење на андроген кој предизвикува создавање на масти и настанок на акни.

3. Рафинирани житарки

Рафинираните житарки не се помало зло од шеќерот. Избегнувајте бело брашно и во исхраната воведете намирници како кафеав ориз, квиноја, коренест зеленчук и сл.

4. Јадете повеќе зеленчук

Бирајте зелен лисест зеленчук без пестициди, зачинете го со лук и лимон или направете зеленчуково смуди. Збогатете ја својата исхрана со поголеми количини зеленчук бидејќи витамините и минералите од овие плодови благотворно делуваат на кожата.

5. Пробиотици

Пробиотиците се многу здрави за организмот, па добро е да конзумирате намирници кои содржат пробиотичка култура. Производи со пробиотици можете да купите во аптека и со нив можете да ја надополните вашата исхрана.

6. Зелен чај

Зелениот чај е добар за многу нешта, но за вашата кожа може да направи чудо. Притоа, купувајте зелен чај без кофеин, бидејќи кофеинот исто така делува на нивото на шеќер во крвта.

7. Вода и лимон

Пијте доволно вода и во неа додавајте по малку лимон. Лимонот го детоксицира целиот организам, па и кожата. Освен тоа, водата со лимон е повкусна за пиење, па така полесно ќе ја испиете потребната количина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар