5 брзи и едноставни сосови за тестенини

5 брзи и едноставни сосови за тестенини

Варењето на тестенините е една од наједноставните работи кои можете да ги направите во кујната. И овие сосови исто така се лесни за приготвување, но на крајот ќе ви овозможат одличен оброк.

5-brzi-i-ednostavni-sosovi-za-testenini-kafepauza.mk

1. Сос од свежи домати

Исецкајте на ситни коцкички 6-7 свежи домати и измешајте ги со 1 чешне истолчен лук, 5 лажици маслиново масло, сол и бибер. Ако сакате можете да додадете и 250 грама моцарела.

2. Сос од домати, кромид и печурки

Во тава на оган издинстајте 1 главица кромид. Потоа додајте му 4 домати исечени на парчиња и 200 грама печурки. Оставете да крчка околу 20 минути, а кога ќе биде готово додајте свеж босилек, сол и бибер.

3. Сос со печурки и бело вино

Во тава на оган ставете малку путер, 250 грама печурки, 2 мали истолчени чешниња лук и 1 лажица маслиново масло и оставете да крчка 5 минути, мешајќи постојано. Потоа додадете 60 мл бело вино и гответе додека виното не испари. Кога ќе испари, додадете уште 120 грама слатка павлака и чекајте да згусне. На крај додајте сол и бибер.

4. Сос од сланина и млад кромид

Испржете 8 парчиња сланина, а потоа отстранете го мрсниот дел и оставете ја на хартија за да се исцеди маслото. Пропржете неколку главици млад кромид во малку путер и маслиново масло, а потоа ним додајте им ги тестенините, сланината и малку пармезан за да се соединат.

5. Сос со лимон, босилек и маскарпоне

На тивок оган загрејте 220 грама маскарпоне, 5 лажици цеден лимон и малку рендана кора од лимон. Држете ја смесата на оган околу пет минути. На крај додајте сол и бибер.
 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар