Идеални за оние кои постат на Велипеток: Брускети со печурки и домати

Идеални за оние кои постат на Велипеток: Брускети со печурки и домати

Со оглед на тоа дека на Велипеток е предвиден строг пост со вода, најчестите опции за појадок се џем или мармалад со леб, овесна каша или палента, но сега ви споделуваме нов рецепт кој сигурно ќе сакате да го пробате денес. Станува збор за брускети за чија подготовка ви се потребни 15 минути.

Идеални за оние кои постат на Велипеток: Брускети со печурки и домати

Потребни состојки:

  • леб од пченкарно брашно
  • свежи домати или сос од домати
  • 150 грама печурки
  • оригано
  • сушен магдонос
  • сол
  • 2 црвени пиперки (печени или свежи)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. Покријте го плехчето со хартија за печење и исечете го лебот на парчиња. Наредете ги кришките леб во плехот, а потоа премачкајте ги со сос од домати. Врз секоја од кришките наредете ги шампињоните и посолете. Ситно исечкајте ги пиперките и додадете ги врз печурките, а не заборавајте да додадете и сув магдонос и оригано. Ставете ги кришките во рерна да се печат околу 10 минути. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 одлични рецепти без масло за оние кои постат.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар