Дали имате несоница? Овие природни решенија ќе ви помогнат да заспиете полесно

Иако во моментов имате многу повеќе време за квалитетен сон, стресот и вознемиреноста станаа главните причини за несоница кај многу луѓе. Во текот на денот сте уморни, а кога треба да заспиете, тоа е исклучително тешко. Некои страдаат од напади на паника кога одат во кревет и слушаат само тишина, а некои не можат да заспијат заради многуте мисли и грижи. Лековите можеби не се најдобриот избор затоа што тие може да предизвикаат халуцинации, а некои може да ви ја нарушат моториката во текот на следниот ден. Новите душеци и перници може да бидат едно од решенијата, но прво пробајте ги овие природни методи пред да заминете на шопинг од кој ќе ве боли главата.

Дали имате несоница? Овие природни решенија ќе ви помогнат да заспиете полесно

Смирувачки звуци

Со помош на апликацијата Sleepa можете да направите ваша сопствена комбинација на звуци (бранови, штурци, капки вода и сл.) и да ја поставите да се исклучи по одреден временски период.

Стол за нишање

Иако нишањето е типично за заспивање на бебињата, истражувањата покажуваат дека тоа им помага и на возрасните, па можеби сега е време да инвестирате во додаток за вашиот дом што ќе ви помогне полесно да заспиете.

Јога

Постојат многубројни вежби за истегнување или лесни јога вежби за релаксација пред спиење кои за само 15 минути ќе успеат да го опуштат вашето тело доволно за да заспиете порано.

Утрински тренинг

Колку порано ќе се разбудите и ќе вежбате, толку подобро ќе спиењето во текот на ноќта. Истражувањата покажаа дека луѓето поминуваат 75% повеќе време во длабок сон кога прават утрински вежби.

Природен сок од цреша

Мелатонинот е совршен хормон кој помага во регулирање на циклусот на спиење, а црешата содржи високо ниво на мелатонин, така што редовното консумирање на овој сок има големи придобивки за вашето тело.

Температура на собата

Немојте премногу да ја затоплувате просторијата во којашто спиете и не заборавајте да ја проветрите пред спиење. Оптималната собна температура треба да биде 16-20 степени.

Етерични масла

Ако имате проблеми со дишењето или со ‘рчењето ноќе, испрскајте етерично масло од еукалиптус на перницата за подобар сон.

Етеричнотот масло од лаванда се користи за опуштање на мускулите, за смирување, но од него имаат корист и луѓето со алергии.

Етеричното масло од камилица се користи за справување со несоница и депресија.

Етеричните масла од сандалово дрво, од мандарини и од ореви се најдобри во борбата против стресот, вознемиреноста и депресијата.

Прочитајте која перница е идеална за вас во зависност од начинот на којшто спиете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар