4 суптилни знаци дека вашиот партнер сака да се венчате во иднина

Постојат луѓе кои сакаат да бидат во сериозни врски, но не го гледаат бракот како опција за нив. Овде станува збор за партнери кои би сакале да стапат во брак во текот на нивниот живот. Овие знаци можете да ги забележите пред или по разговор за брак. Како и да е, ако и самите планирате слична иднина, овие знаци сигурно ќе измамат насмевка на вашето лице.

4 суптилни знаци дека вашиот партнер сака да се венчате во иднина

1. Ја користи заменката „ние“ кога зборува за идни планови

Ако вашиот партнер разговара за вас како една целина, дефинитивно размислува како да ве вметне во неговата иднина. Кога размислува за неговиот живот 5 или 10 години од сега, ве замислува и вам со него. Во зависност од распоредот на неговиот живот, неговата иднина може да вклучува и брак со вас.

2. Ве прашува каде сакате да живеете во иднина

Ако партнерот ви зборува за идни планови, како на пример што би сакал да работи во иднина или каде сака да живее, а истовремено ве прашува за мислење, тоа е добар знак за долготрајноста на вашата врска. Ова значи дека партнерот ве вклучува и вас додека го планира неговиот следен чекор, па бракот дефинитивно е можност. Да бидете во врска значи заедно да ги правите животните чекори. Ако партнерот ве гледа како тим, тоа сигурно укажува на брак во иднина.

3. Спомнува имиња за деца

Ова може да биде кажано на шега или сериозно. Но, дури и ако станува збор за игра, ова покажува каква иднина има на ум. Размислувањето за имињата на идните деца е нешто за коешто би разговарале со партнер со кого размислувате да имате деца.

4. Ве запознава со далечни роднини

Која би била целта да ве запознава дури и со далечните роднини ако не ве смета за навистина важна личност? Ако сака луѓето во неговото семејство да знаат кои сте, причината може да биде тоа што сте важен дел од неговиот живот или пак ве гледа како иден член на неговото семејство.

Ако сте во почетна фаза на врската а вашиот партнер покажува некои од овие знаци, или сте во долга и сигурна врска, секогаш е добро одвреме-навреме да бидете потсетени на тоа како ве гледа партнерот.

Погледнете и што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар