10 „голи“ фустани кои прават секоја девојка да се чувствува како принцеза

Во Париз во моментов се одржува Неделата на високата мода, на која се претставуваат многу нови колекции од славните модни куќи со колекции за есен/зима 2018 година. Иако сите колекции се неверојатни, една од нив го привлече вниманието на дамите ширум целиот свет.

Станува збор за новата колекција на Марија Грације Киури за Диор. Откако оваа италијанска дизајнерка ја презела позицијата на креативна директорка во Диор во 2016 година, таа внесе многу младешки занес во своите креации со цел да им ги приближи на помладите.

Токму затоа и воопшто не е чудно што нејзините креации се најпопуларни меѓу младите девојки. Тие се вистински хит и редовно владеат со социјалните мрежи како Инстаграм. Најновата колекција го има истиот печат, со нежни бои кои секоја девојка ја претвораат во принцеза.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар