Што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак?

Што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак?

Некои млади луѓе решаваат да се фокусираат на градењето кариера и не брзаат со основањето семејство. Други, пак, сакаат што побрзо да стапат во брак и да станат родители. Доколку вие спаѓате во оваа група, колку и да сте сигурни во љубовта на вашиот партнер и колку и да се чувствувате подготвени за овој голем чекор, треба да ги имате предвид следниве неколку работи…

Кои работи треба да ги направите пред да стапите во брак?

Заедно работете на тоа да ги подобрите вашите комуникациски вештини

Доколку и двајцата сте способни да ги споделувате вашите чувства и потреби, голема е веројатноста дека бракот ќе трае. Кога ви е тешко да кажете нешто, мора да бидете подготвени да се соочите со партнерот. Мора да бидете способни да ја искажувате вашата лутина, фрустрација, разочарување или незадоволство на начин кој нема да направи вашиот партнер да се чувствува како да го напаѓате. Кога ќе можете да го направите сето ова, бидете сигурни дека вашиот брак ќе биде успешен и среќен.

Разговарајте за вашите семејни планови

Немојте веднаш да претпоставите дека и двајцата размислувате исто кога станува збор за важните одлуки, како што се децата. Разговарајте за тоа дали и кога би сакале да имате деца, колку деца би сакале и дали и двајцата ќе работите кога ќе дојде до тоа. Децата ќе ви го променат животот. Бидете сигурни дека и двајцата се согласувате за истите дискутабилни прашања и тоа ќе ве поштеди од многу потенцијални проблеми во иднина.

Бидете свесни за вашите недостатоци

Не постои совршен партнер. Многумина ја немале таа привилегија да имаат добар пример за успешен и среќен брак. Отворено признајте му ги вашите недостатоци на партнерот и кои особини би сакале да ги подобрите. Потоа дадете си ветување дека и двајцата ќе работите заеднички на тие проблеми.

Подобрете ги односите со меѓусебните пријатели и семејства

Бракот е една од најтешките врски во животот. Многу е важно е да имате мрежа на роднини и пријатели кои ќе ви дадат поддршка и со кои ќе можете да ги споделите брачните радости и предизвици. Така што, доколку не сте во добри односи со пријателите и семејството на вашиот партнер, време е да поработите на тоа. Факт е дека не се венчате со нив, но тие му се важни на вашиот партнер. Партнерот ќе го цени тоа што ќе покажете интерес и ќе се обидете да се зближите со луѓето кои му значат.

Кои работи треба да ги направите пред да стапите во брак?

Договорете се да имате брачни состаноци уште пред да се венчате

Неделните брачни состаноци подразбираат кратки разговори во кои ќе зборувате за вашите чувства, одговорности, ќе ги планирате вашите состаноци и ќе дискутирате за вашите грижи. Наместо да држите лутина и да се оддалечувате, овие брачни состаноци ќе ви помогнат да се зближите и да спречите малите проблеми да прераснат во криза. Нека не ве исплаши зборот „состанок“. Излезете, одете на кафе или прошетајте. Поентата на брачните состаноци е да зборувате и да се поврзете, околината не е важна.

Разговарајте за финансиите

Направете план за тоа како ќе ги организирате финансиските средства и тоа ќе ви помогне да спречите многу потенцијални несогласувања во иднина. Некои парови ги здружуваат финансиите откако ќе се венчаат, а некои имаат одвоени сметки. Транспарентноста е од клучно значење кога станува збор за парите во бракот. Корисно е да одредите сума на пари која можете да ја потрошите без да се консултирате со сопружникот. Доколку постои тајност околу трошењето пари, тоа е показател дека треба да разговарате за одредени проблеми околу довербата. Ако сакате да заштедите, разговарајте до која сума на пари сакате да стигнете и кои се вашите финансиски цели. Функционирајте како тим за да имате среќен брак.

Не ги игнорирајте сериозните проблеми

Сите парови се соочуваат со одредени предизвици и проблеми. Среќните бракови не се ништо поразлични, но она што ги одвојува од другите и начинот на кој се справуваат со нивните проблеми. Ако ги игнорирате проблемите или се преправате дека не постојат, тие нема магично да исчезнат. Успешните двојки разговараат за проблемите веднаш штом се појават.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар