15 знаци дека ви оди добро во животот дури и тогаш кога не мислите така

Сите понекогаш се чувствуваат како животот да им се распаѓа. Можеби сте останале без работа, сте ставиле крај на бракот или пак, не сте положиле испит на факултет и се чувствувате беспомошно и поразено.

Винстон Черчил еднаш рекол: „Да се успее значи да се прифаќа неуспех по неуспех, притоа не губејќи го ентузијазмот“.

Иако можеби во моментов се чувствувате неуспешно, ќе ве потсетиме зошто тоа не е така. Прочитајте ги 15-те знаци кои покажуваат дека добро ви оди во животот, дури и кога не мислите така:

(1)15 знаци дека добро ви оди во животот дури и тогаш кога не мислите така

1. Сте учеле од грешките во животот

Никој не вели дека животот е едноставен. И додека нерамнините на вашиот животен пат можат да ве повредат, сепак возењето се исплати. Размислете за своите неуспеси и порази. Морате да знаете дека сите тие се случиле со причина и се дел од вашиот животен план. Секоја тешкотија ве довела до местото на кое се наоѓате денес, секоја расправија ве обликувала во прекрасната личност каква што сте. Продолжете да живеете со верба во себе, полни со надеж и љубов, имајќи ја секогаш на ум мислата дека секое искуство било и ќе биде добредојдено на вашиот пат кон успехот.

2. Имате удобен кревет за спиење

Бидете благодарни за креветот на кој секоја вечер можете да си легнете. Во светот има многу луѓе кои спијат на ладен и мокар под. Знаете колку возрасни и деца ширум светот никогаш во својот живот не ја почувствувале удобноста на мекиот душек? Удобниот кревет значи дека имате ваше место каде може да сонувате и да создавате планови за подобра иднина.

3. Настојувате да бидете подобри

Фактот дека се чувствувате малку депресивно затоа што не сте го постигнале она што сте го посакувале е знак дека се трудите. Луѓето кои секогаш настојуваат да бидат подобри, постојано работат на себе, а со тоа и го повикуваат успехот. Најважно е да не се откажувате. Ајнштајн еднаш рекол:

„Не е дека сум премногу паметен, туку работата е во тоа што подолго се задржувам при решавање на одреден проблем.“

Останете силни и никогаш не престанувајте да се држите до своите цели.

4. Имате или сте имале работа

На кој начин и да ја гледате оваа работа, во секој случај е поволна за вас. Ако имате работа, особено некоја во која уживате, само напред. Трудете се и усовршувајте се во својата област. Доколку сега немате работа, а претходно сте работеле, значи дека повторно ќе бидете вработени. Можеби овој период, додека сте без работни обврски, ќе имате прилика да го искористите за да научите нешто повеќе за себеси, да најдете некое ново хоби или да се пронајдете во сосема нова професија. Барајте, надевајте се и не заборавајте дека можете да ги постигнете и невозможните работи.

5. Знаењето ви е на дофат на раката

Денес, секој и секаде може да учи. Глобализацијата и развојот на технологијата овозможуваат безгранични начини за стекнување на различни знаење. Бидејќи знаењето е моќ, искористете го и дозволете му да ви ги отвори вратите кон успехот кој го заслужувате.

6. Имате храна

Понекогаш дури и повеќе од потребното! Храната е благослов на кој не секогаш му посветуваме големо внимание. Но, кога човек ја нема, за само неколку часа ја сфаќа нејзината улога. Опуштете се и уживајте во вашиот следен оброк и во секое залче. Потсетете се дека среќата се наоѓа во навидум едноставните работи.

7. Имате избор

Аристотел еднаш рекол:

„Совршеноста не е случајна. Таа е секогаш резултат на силни намери, искрен труд и интелигентни изведби, таа претставува мудар избор меѓу многу алтернативи. Изборот, а не случајноста ја одредува вашата судбина.“

Треба ли да се додаде нешто на ова?

8. Сте почувствувале „пеперутки во стомакот“

Да, тоа значи дека сте или сте биле заљубени. Колку е само убаво чувството кога ќе украдете поглед од таа посебна личност. Бидете среќни, тоа е чувство кое никогаш нема да го заборавите. Тоа е возвишен момент!

(2) 15 знаци дека добро ви оди во животот дури и тогаш кога не мислите така

9. Имате чиста вода

Никогаш не ја потценувајте чистата вода која можете да ја пиете. Околу 800 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода.

10. Имате сон

Не е важно што посакувате и што сонувате, важно е дека во вас има надеж. Не се откажувајте од своите сништа. Најубавите нешта во животот настануваат од нив.

11. Вашата среќа е реална

Имате можност да изберете среќа во својот живот, во она што го работите и во секоја останата прилика. Вашата среќа е дефинирана со способноста да препознавате убави можности. Тоа може да биде едноставно уживање во насмевката на вашето дете или во прекрасниот лет на птиците.

12. Имате облека

Не само што имате облека, туку имате и можност да правите безброј комбинации со прекрасните парчиња алишта. Замислете се само, животот без облека би можел да биде многу „студен“ и „неподнослив“.

13. Имате можност да простите

Можете ли да замислите како би изгледал овој свет без простување? Еве, да го занемариме светот, замислете си го својот живот без простување. Замислете колку би биле несреќни кога не би можеле да си ги простите своите грепки и грешките на другите? Тогаш би било невозможно да живееме.

14. Верувате во нешто поголемо од себе

Кога животот со своите проблеми ќе ве притисне до ѕид, имате можност да застанете и да сфатите дека има нешто поголемо од вас за што сакате да живеете. Дали е тоа вербата во Бога, вашето семејство и пријатели, работата на која сте го посветиле животот, тоа значи дека сте на добар пат, затоа што сте создале нешто за што сакате да се борите во најтешките моменти.

15. Имате можност да создаде глобални пријателства

Во денешно време, вашиот најдобар пријател може буквално да се наоѓа на пет илјади километри од вас, но тоа воопшто не му пречи на вашиот однос. Имате единствена можност за запознавање на луѓе од буквално секоја земја на оваа планета, нешто што пред неколку години било несфатливо. Тоа е само еден факт кој ви дава до знаење дека сте навистина среќни, а пред вас има илјадници можности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар