15 начини на кои мажите покажуваат колку ја сакаат жената покрај нив

15 начини на кои мажите покажуваат колку ја сакаат жената покрај нив

Сите мажи се исти е фраза која ни е на сите добро позната. Додека тие се едноставни и лесни за читање, ние жените сме доста комплицирани и под секој душек го бараме зрното грашок. За разлика од мажите кои се тешки на изразување на чувствата, ние жените немаме проблем да кажеме што сѐ ни лежи на срце, па некогаш знаеме и да претераме. Токму затоа, мислиме дека мажите се нечувствителни и не ги интересира ништо освен да си го истераат нивниот ќеиф.

0-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_

Но, мажите ги изразуваат чувствата на малку поинаков начин од нас жените. Тие, наместо зборови, користат допири или одреден тип на однесување со кои сакаат да ни кажат нешто. Иако можеби мислиме дека можеме да ги прочитаме во секој момент, еве што навистина тие ни кажуваат со нивните реакции.

1. Ве држи за рака

Кога нему не му претставува проблем да ве држи цврсто за рака пред сите негови пријатели и членови на семејството, тогаш тој е и те како заљубен во вас. Ако ве држи за рака кога сте во кола, во кино или на вечера, тогаш тој е обземен со вас. Тоа што посегнал да ве фати за рака и не ве пушта цело време кажува многу повеќе отколку што некогаш тоа ќе го направат зборовите.

1-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_

2. Ви поминува со прстите низ коса

Кога мажите се обидуваат да бидат слатки и фини, тие прават сѐ што знаат и умеат за да им покажат на жените колку се убави и посебни. Со самото тоа што обрнуваат внимание на деталите, кажуваат дека сакаат да ве запознаат подобро. А кога со прстите поминуваат низ косата на саканата, тогаш тие всушност изразуваат колку се грижат за неа.

3. Ви ја отвора вратата

Без разлика дали станува збор за вратата од колата или, пак, од ресторанот каде штотуку влегувате, отворањето врата значи дека се обидува да ве воодушеви. Тој сака вие да имате високо мислење за него, па не му е проблем да ги покаже своите џентлменски особини. А ова ќе се случи само ако навистина му се допаѓате.

2-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_

4. Седнува на под

Ова значи дека вие не го плашите. Во ваше друштво се чувствува удобно и опуштено и сака поубаво да ве запознае. Притоа може да ве држи за раце со што ќе искаже уште поголема желба за интимност.

5. Сака да се гали

Мажите се познати по тоа дека сакаат да се прават силни и мачо, односно не признаваат ништо што вклучува лигавење и однесување како мали деца. Ова значи дека кога сепак на крајот на денот тој сака да седне до вас или да легне и притоа да се гали, тој е до уши заљубен и воопшто не му е грижа дали изгледа како мачо или не. Важно му е дека е со вас.

(3)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk

6. Ве прегрнува во јавност

Ова јасно и гласно кажува Таа е моја. Ништо подобро нема да ви покаже ниту вам ниту на другите дека вие сте со него и тој планира така да остане. Тој во вашата врска гледа нешто што е тука за да потрае, па на некој начин со тоа што ја чува раката околу вашата половина дури и кога не сте сами, тој всушност ја означува својата територија.

7. Ве бакнува во чело

Бакнежот во чело е еден од најинтимните и најубави гестови кои мажот може да ги направи. Со овој бакнеж тој ви кажува дека ве почитува, дека се грижи за вас, но најмногу од сѐ дека вие му го имате украдено срцето и тој ќе направи сѐ за да ве задржи засекогаш.

(4)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk

8. Станува за да ви донесе што и да посакате

Кој го прави ова? Никој! Никој освен оној кој сака да ви покаже колку му е важно да имате сѐ што ви е потребно и да бидете опколени со грижа и љубов. Иако веројатно не му е лесно да станува секогаш кога вие ќе заборавите или побарате нешто, тој го прави тоа скоро и без да се пожали. Тој ве сака.

9. Прави да ви биде удобно

Ви го нуди палтото кога мисли дека ви е ладно, ве покрива со ќебе кога, гледајќи филм, непланирано сте заспале и слични работи. Сака да ви биде удобно, па прави сѐ што може за вие да продолжите да се чувствувате така. Ова значи дека мисли на вас и дека е подготвен да се врзе бидејќи вие сте таа со која сака да биде.

5-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_

10. Ве испраќа

Не секој ги има манирите ниту, пак, волјата да направи нешто повеќе од она што налага ситуацијата. Затоа, кога тој ќе се потруди да ве допрати до вашата кола наместо само да ја затвори вратата од станот позади вас, тогаш тој навистина сака да ја помине секоја можна минута со вас. Истото се однесува и на допраќањето до дома. Без разлика дали живеете блиску или не, тој се грижи за вас и сака да се осигура дека сте безбедни.

11. Ви помага во носење на вашите работи

Дали се враќате од некое патување, па имате торби и куфери со себе или се работи за полно кеси бидејќи се враќате од пазарење, тој едноставно не ве остава да ги носите вие. Тој ве обожава, па дури и кога нема потреба тој не сака вие да се мачите. Меѓу другото, сака да ви се докаже себеси на некој начин.

(6)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk

12. Ве пречекува надвор кога одите кај него

Ова се дела со кои кажува дека тој има високо мислење за вас. Тој не сака да ве остави да чекате пред врата, па не му е проблем тој да биде тој што чека. Тоа значи дека ве почитува и размислува за вас на повисоко ниво отколку како на девојка за краток период. Можно е дури и во вас да ја гледа потенцијалната сопруга.

13. Ви подава рака при седнување или станување

Подавањето рака е симбол на запросувањето. Мажот клекнува на едно колено и ја подава рака кон саканата, по што го поставува најважното прашање кое постои во љубовта. Оттука, самото тоа што ви подава рака секој пат кога треба да седнете (на пр. при влегување во кола) или пак кога станувате (на пр. при излегување од кола), дури и кога сте сосема способни да го направите тоа и сами, тоа кажува многу. Тој сака да биде џентлмен, да се осигура дека безбедно ќе поминете низ процесот на седнување/станување и сето тоа бидејќи ве сака и сака да ви подари многу повеќе од тоа. Најмногу своето внимание.

(7)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk

14. Ве гледа во очи

Гледањето во очи е еден од најинтимните и најсилни типови на комуникација кои постојат во поглед на паровите. Не секој може да комуницира вака, но оној кој не се плаши да ја покаже својата ранливост пред вас ќе го направи тоа. Тој ве сака и во вашите очи секогаш ќе го бара одговорот на тоа дали и вие го сакате него бидејќи таму секогаш ќе го најде. Кога тој избегнува да ве гледа во очи, тогаш кај него постои несигурност за тоа како се чувствува или, пак, страв дека ќе откриете нешто што не треба. Но кога ве гледа во очи, тој се обидува да ги изрази своите најдлабоки чувства кои можеби не знае да ги преведе во зборови.

15. Ви готви прекрасни јадења

Постои огромна разлика во готвење и готвење со љубов и тоа е разлика која многу лесно се забележува. Доколку готви нешто само колку да јадете, тогаш тој не се труди многу и гледа да ги задоволи основните потреби. Но кога размислува на секој детаљ и на крајот ви сервира прекрасно јадење, тогаш тој навистина дава сѐ од себе за вие да бидете среќни, задоволни и исполнети. Исто така, се обидува да ви покаже дека е способен да биде семеен човек, добар сопруг и не се плаши од тоа што го носи иднината.

(8)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. nezz Reply

    so

Напиши одговор на nezz Откажи одговор