15 знаци на сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од вас

15 знаци на сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од вас

Понекогаш не говориме за она што го сакаме или пак, едноставно се плашиме да го признаеме затоа што не сакаме да ги нарушиме нашите односи со одредена личност. За среќа, секогаш можеме да се потпреме на невербалната комуникација, односно на говорот на телото. Кога мажите чувствуваат привлечност кон жените, нивното тело најчесто ги испраќа следниве знаци…

15 знаци за сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од вас

1. Длабоко вдишување во моментот кога ќе ве забележи, при кое визуелно му се проширува градниот кош.

2. Му се прошируваат зениците бидејќи му се допаѓа она што го гледа.

3. Веѓите му се подигнуваат како нешто да го изненадило.

4. Се смее повеќе од вообичаено и на тој начин почесто ви го покажува горниот ред заби.

5. Несвесно ги навлажнува усните со врвот на јазикот.

6. За време на вашата комуникација, 80% од времето ве гледа во очи, а останатото време во носот, устата и образите.

7. Се навалува кон вас кога разговарате.

8. Несвесно започнува телесен контакт, без разлика дали ве допира директно вас или само вашата облека.

9. Ги поставува рацете на струк, со раширени лакти кон двете страни.

10. Неговата карлица е насочена кон вас.

11. Кога ги прекрстува нозете, тоа го прави така што двете стапала му се насочени кон вашето тело.

12. Прстите од неговите стапала се секогаш насочени кон насоката во која вие стоите.

13. За време на разговорот нежно го допира својот врат со врвот на прстите.

14. Кога ве држи за рака, со дланките бара потпора на вашите дланки.

15. Вашата телесна близина кај него создава ерекција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар