Книга што стана многу популарна во Франција: Ова е покана за жените да започнат нов начин на живот

Книга што стана многу популарна во Франција: Ова е покана за жените да започнат нов начин на живот

Таа има 25 години, но ја објави својата прва книга, во 400 примероци. Стана хит затоа што еден службеник побара забрана за книгата затоа што, како што тој тврди, книгата пропагира омраза кон мажите.

Книгата „Јас ги мразам мажите“ од Полин Харманж се продаде во 2.500 примероци за само две недели, а третото издание сега го чека голем издавач. Ралф Зурмели, специјален советник на француското Министерство за родова еднаквост, бара забрана на книгата бидејќи поттикнува омраза кон мажите. Зурмели испратил мејл до издавачката куќа Монстрограф со барање да ја повлече книгата од продажба.

Книга што стана многу популарна во Франција: Ова е покана за жените да започнат нов начин на живот

Во книгата, 25-годишна феминистка и активистка се запрашува дали жените имаат добра причина да ги мразат мажите. Според нејзиното мислење, гневот кон мажите всушност може да биде „радосен и ослободителен начин ако му биде дозволено да се изрази“.

Ова претставува интелектуален предизвик за читателите и вели дека можеби треба прво да ги отстраниме мажите од себе за да размислиме, за да создадеме место за вистинска комуникација меѓу жените. Книгата е покана за жените да замислат нов начин на живот во кој тие би можеле да се изразат на начин на кој порано не можеа да замислат.

Проблемот е во тоа што мажите премногу често воопшто не ги разбираат аргументите на жените и феминистичките гласови не се секогаш добредојдени. Паулина Харманж смета дека нема ништо лошо во тоа да се мразат мажите, со оглед на штетата што тие им ја прават на жените. Во Франција во 2018 година, мажите сочинуваа 96 проценти од осудените за семејно насилство и 99 проценти од осудените за сексуално насилство.

Дали таа ги мрази мажите? Таа е среќно омажена, но вели дека навистина нема многу причини да сака мажи. Споделува дека генерално не им верува на мажите кои не ги познава. Причината за ова е помалку лични искуства, и повеќе она што таа го гледала како долгогодишен активист во феминистички здруженија.

Таа е свесна дека ова звучи доста агресивно, но јасно чувствува дека сите жени треба да имаат право да не ги сакаат мажите воопшто. Вели дека би било генијално мажите да покажат дека заслужуваат да бидат сакани.

Можеби ќе ве интересира и книгата за која Стивен Кинг вели дека е вистински кошмар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар