Книгата за која Стивен Кинг вели дека е вистински кошмар

Добивате повик од непознат број кој ви кажува дека вашето дете е киднапирано. Ако сакате повторно да го видите, мора да киднапирате друго дете. Но, тоа не е сè. Ќе го пуштат вашето дете кога родителите на детето што сте го киднапирале ќе киднапираат друго дете. Ако ланецот не продолжи, вашето дете ќе ја плати најлошата цена. Сега и вие сте дел од ланецот.

Таква е приказната на Рејчел која еден ден ја оставила својата ќерка на станицата каде што обично го чекала училишниот автобус. Таа продолжила на работа, но еден повик од непознат број и го променил животот. Женски глас и рекол дека нејзината ќерка е киднапирана, а ако сака да ја види треба да киднапира некое дете. Очигледно е дека тоа не е едно обично киднапирање.

Станува збор за книгата „Ланецот“ од Адријан Макинти за која Стивен Кинг вели дека е вистински кошмар, но со многу оригинална приказна која нема да можете да ја извадите од главата толку лесно.

Книгата за која Стивен Кинг вели дека е вистински кошмар

Дали знаете што се случува кога читате секој ден?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар