8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Многу жени бараат недостатоци во својот изглед и често мислат дека нивната коса е премногу тенка и дека нивната кожа е далеку од совршена. За среќа, сега не постојат универзални стандарди и сите жени се убави на свој уникатен начин. Секоја девојка треба да се сака и да се прифати себеси таква каква што е. Во продолжение погледнете кои 8 необични физички карактеристики се сметаат за предности во 2020 година.

1. Светла боја на коса

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Во минатото, се веруваше дека посветлата кафена боја на косата е здодевна, па жените кои имаат таква коса ја бојадисуваа во посветла руса боја. Но, денес, колку поприродно изгледате, толку подобро, поради што оваа боја на коса повторно е популарна. Покрај тоа, оваа боја ги прави незабележителни промените на лицето поврзани со возраста.

2. Полни образи

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Девојките со полни образи сега се среќни што ги имаат. Многу девојки не сакаат дебели образи, но така изгледаат помлади отколку што се. Напротив, некои познати личности се горди на образите и не сакаат никаква пластична операција.

3. Сива коса

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Дизајнерите ширум светот се воодушевени од жените кои им се спротивставуваат на сите наметнати правила и стандарди. Најважно за косата и за кожата е да бидат сјајни, мазни и негувани. Во овој случај, сивата коса изгледа добро. Многу познати личности на возраст под 40 години веќе не ги бојадисуваат сивите прамени.

4. Природни усни

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Не многу одамна, жените сонуваа да имаат големи усни, но тоа веќе не е тренд. Сега, жените сакаат да изгледаат природно, а и повеќето мажи сакаат природна убавина, што исто така влијае на желбата на жените да го променат својот изглед.

5. Несовршен тен на кожата

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Контурирањето на лицето замина во минатото. Природниот изглед на кожата (како оној на Меган Маркл) станува сè повеќе популарен. Денес, професионалните шминкери и познатите личности секогаш додаваат малку руменило за нивната кожа да изгледа поприродно.

6. Пеги

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Пегите се класичен тренд секоја пролет. Дури и жените кои немаат пеги би сакале да имаат. Ако природата ви го дала овој подарок, би било кривично дело да пробате да ги скриете.

7. Широки колкови

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

Слабото тело беше популарно со години, но сега живееме во време кога жените со големи колкови се многу популарни, како Ким Кардашијан, Кајли Џенер, Jенифер Лопез и Бијонсе.

Сега, обликот на телото каде што колковите се во преден план е исклучително популарен и најверојатно овој тренд нема да исчезне за кратко време.

8. Без гел-лак за нокти

8 карактеристики што некогаш се сметале за недостатоци, но сега се сметаат за предности

До пред некое време, девојките што немаа гел-лак на ноктите не беа модерни. Но, во 2020 година, лекарите, активистите за заштита на природната средина, па дури и некои козметичари ја преиспитаа оваа гледна точка.

Гел-лакот за нокти доведува до кршливост на ноктите: секој пат кога ќе го отстраните гелот, го отстранувате горниот слој на ноктите. Сушењето на ноктите со УВ-светлина е уште една причина да се избегнува овој тренд. Ако ги изложите рацете на УВ-светлина, кожата ќе старее многу брзо.

Погледнете кои 7 стандарди за убавина од минатото изгледаат навистина бизарно денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар