14 одлични фризури за оваа есен
8. Должина до рамена

Ако не можете да се одлучите дали сакате кратка или долга коса, оваа фризура е одлична за вас. Иако е кратка, сепак е доволно долга за да можете да ја фатите во опавче.
9. Испуштени прамени

90-тите повторно се враќаат, па слободно испуштете неколку прамени од вашата пунџа.
10. Мала панделка

Одберете тенка и долга панделка. Таа ќе го претвори и најобичното опавче во модерна фризура.
11. Патец на страна

Не ја потценувајте моќта на патецот. За целосно нов изглед, доволно е да го промените само него.
12. Двојни пунџи

Соберете мал дел од косата во две мали пунџи, а за совршен изглед направете локни на останатиот дел од косата.
13. Ниска пунџа

За вашата пунџа да изгледа поубаво и поелегантно, направете ја ниско и извиткајте неколку прамени.
14. Весели додатоци за коса

Одберете ги вашите омилени шноли и штипки за коса. Сè што ќе ѝ даде малку живост на фризурата е добредојдено.
Погледнете ги и овие брзи и лесни фризури кои можете да ги направите сами.





























