Зошто Стив Џобс не им дозволувал на неговите деца да користат технолошки уреди?

Стив Џобс важи за еден од најзаслужните виновници за развојот на дигиталната ера, но верувале или не, тој во својот дом ја забранил употребата на секаков вид технологија, дури и на неговиот популарен ајпод.

Зошто Стив Џобс не им дозволувал на неговите деца да користат технолошки уреди?

Ник Билтон, новинар за Њујорк Тајмс, во едно интервју со Џобс констатирал дека неговите деца сигурно го обожаваат ајподот, на што тој одговорил дека тие никогаш не го користеле. Тој и неговата сопруга дома одредувале кога и колку нивните деца смеат да користат технологија. Сигурно сте го замислувале домот на Џобс како вистински рај за бубалици со огромни екрани чувствителни на допир на ѕидовите и трпезариска маса составена од ајподи. Истата претстава за домот на Џобс ја имал и новинарот Билтон. Меѓутоа, членовите на семејството повеќе сакале да се дружат и да разговараат за историјата и прочитаните книги. Тие седеле на маса и разговарале меѓу себе.

Можеби ви звучи чудно, но овој тренд е особено популарен и кај други експерти за технологија. Во Силициумската долина инженерите и другите информатичари ги штитат нивните деца од лошото влијание на технологијата. Тие дури и ги праќаат во училишта каде не се користат компјутери.

„Имам запознаено голем број директори на ИТ компании кои ми одговориле слично. Тие многу строго им ја ограничуваат употребата на технолошките уреди на нивните деца, најчесто и целосно ја забрануваат во текот на работните денови, со тоа што им дозволуваат да ги користат кратко време во текот на викендот“, изјавил Билтон.

Крис Анерсон, поранешен уредник на списанието „Wired“ и сегашен директор на компанијата „3D Robotics“, татко на 5 деца, во една прилика објаснил зошто луѓето кои работат во технолошката индустрија ги држат уредите подалеку од нивните деца.

„Децата ме обвинуваат мене и мојата сопруга дека сме фашисти и дека премногу се грижиме. Постојано се жалат дека другите деца немаат такви забрани. Тоа е така затоа што ние сме лично запознаени со опасностите од технологијата. Сум ги видел тие работи лично и не сакам истото да им се случи на моите деца“, објаснил Андерсон.

Хуан Вилијамс, основачот на Блогер и Твитер, и неговата сопруга Сара велат дека наместо ајпод нивните два сина имаат стотици книги кои можат да ги читаат секогаш кога ќе посакаат.

Па, како родителите од светот на информатичката технологија ги одредуваат правилата за користење на технолошките уреди?

Зошто Стив Џобс не им дозволувал на неговите деца да користат технолошки уреди?

Децата помлади од десет години се најмногу склони кон стекнување зависност и не смеат во текот на работната недела да користат никакви уреди. За време на викендот, компјутерите, телефоните и таблетите смеат да се користат помеѓу половина час и два часа. Децата на возраст од 10 до 14 години можат да користат компјутери во текот на работната недела, но само за домашни задачи.

Лесли Голд, основач и директор на „Sutherland Gold“, вели дека во неговото семејство постои правило за забрана на сите екрани во текот на работната недела. Сепак, како што растат децата, мора да се прават некои исклучоци бидејќи компјутерите им требаат сѐ повеќе за учење.

Кога се во прашање смартфоните, голем број од експертите за технологија не им ги даваат на децата пред да наполнат 14 години.

„Меѓутоа, сите се придржуваат кон едно правило: Нема никакви екрани во детската соба. Никогаш. Точка.“, вели Крис Андерсон.

Али Партови, основач на компанијата Ilike и советник за Фејсбук, вели дека тој прави разлика помеѓу „консумеристичко“ и „креативно“ користење на технологијата и на децата им го дозволува само второто, односно создавање уметност преку компјутер или програмирање.

Децата треба да знаат како правилно да ги користат компјутерите и да не ја преминуваат границата. Родителите пред сѐ треба да им овозможат на децата да поминуваат време во природа. Можеби тие моментално ќе им замеруваат на родителите, но со сигурност ќе им бидат благодарни подоцна во животот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар