Зошто е супер да се биде тетка?

Зошто е супер да се биде тетка?

Доколку имате внуци од вашите браќа или сестри, тогаш знаете колку е супер да се биде тетка. Вие ја имате улогата на кул и забавна тетка која чувствува необјаснива потреба да ги размази своите внуци. Знаеме, и ве разбираме. Еве зошто велиме дека да се биде тетка е најубавата улога.

Зошто е супер да се биде тетка?

Купувате куп непотребни работи а никогаш не чувствувате дека парите ви одат залудно

Вашето внуче уште не може да оди, но вие сте ги одбрале најскапите минијатурни патики и никогаш не сте биле порадосни. Вие сте мајстор за купување на секакви нешта кои родителите не би му ги купиле на вашето внуче. Тука се нелогично скапите играчки на склопување, смоки и чипсови, чоколатца и што ли уште не.

Секојдневно добивате неочекувани и слатки изливи на љубов

Без никаква најава или причина вашето внуче ќе ве гушне, опсипе со бакнежи и прегратки и ќе ви каже колку ве сака. Некогаш и невербално со тоа што ненајавено ќе скокне на вас кога најмалку очекувате.

Вие сте спасител на вашиот/ата брат/сестра

Откако има дете, вашиот/ата брат/сестра ве гледа како спасител. Знаете да го изведете внучето на прошетка, да го чувате на некој саат или да го земете да преспие кај вас. Вашата сестра сега се крсти во вас и никогаш не ви била поблагодарна.

Неизмерно многу сакате да ги размазите своите внуци

И не чувствувате потреба никому да му го објасните своето однесување. Едноставно е, вашите внуци ќе имаат сè што ќе посакаат.

Може да им ги купите играчките кои ги сакаат без да се соочите со последиците

Вашиот внук сака сет малечки тапани, или гитара? Нема проблем, секако нема да бидете оние кои ќе ја слушаат галамата 24/7.

Не ви пречи нивното плачење

Во секој друга ситуација би посакале да се фрлите низ прозор, но ако плаче вашето внуче само сакате да го стопите во прегратка и да направите да му мине болката.

Може да се однесувате незрело без некој да ве гледа попреку

Ја изнесувате вашата внука во парк и може да се однесувате како дете – не дека сакате, туку мора да ја забавувате внуката. Вистината е дека бескрајно се забавувате и вие самите.

Вашите внуци ве тренираат за вашата иднина

Доколку сè уште немате деца, вашите внуци ќе ве научат на толку многу нешта. Прво, ќе ве истренираат да бидете психички поиздржливи.

Во очите на вашите внуци секогаш ќе бидете кул

Што ви е гајле што другите мислат за вас. За вашите внуци вие сте најкул личност на светот.

Тие се причината поради која почесто се гледате со членовите на вашето семејство

Вашите внуци ве зближија повеќе, бидејќи без разлика колку сте зафатени или уморни, секогаш сакате да ги видите.

Кај вас нема правила

Може да јадат сладолед во кревет во 10 часот.

Секогаш можат да ве расположат

Колку и да ви бил лош денот, колку и да сте под стрес, сè поминува кога сте со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар