Знаете ли кога бракот станува она вистинското?

На почетокот браковите не се најсреќни. Но, доколку ги преживеете првите 20 години, нештата ќе се подобрат. Или барем така тврдат американските научници. Тие ги анализирале податоците од над 2.000 луѓе кои се во брак и заклучиле дека задоволството на брачните партнери опаѓа во првите 20 години, но потоа се стабилизира и почнува повторно да расте.

Знаете ли кога бракот станува она вистинското?

„Иако денес разводите се многу чести, сепак половина од браковите траат засекогаш. Долгорочната прогноза за овие бракови е оптимистична бидејќи нивото на среќа и задоволство стануваат поголеми, а незадоволството се намалува“, изјавил еден од авторите на истражувањето.

„Луѓето сакаат стабилна и задоволителна моногамна врска. Ако ги преживеат сите предизвици што ги носи заедничкиот живот, можат да го добијат тоа“, изјавил сер Пол Колриџ од Фондацијата за брак.

„Понекогаш заедничкиот живот е како неасфалтиран пат полн со камења за кој ви е потребен погон на сите четири тркала, возило опремено со толеранција, емпатија, слични морални и етички вредности и љубезност“, изјавил Френк кој е во брак 39 години и кој се согласува со резултатите од истражувањето.

Тој додал дека е важно да му овозможите на вашиот партнер да се развие и да биде она што е.

„Не треба да стоите толку блиску еден до друг така што си правите сенка. Секој од вас е дрво за себе, но ќе растете заедно.“

„Јас цврсто верувам дека тајната на долгиот брак се љубов, смеење и слушање“, изјавила Барб која е во брак 40 години.

„Бракот е како добро вино. Станувате подобри со годините. Мојот брак сега е подобар од кога било“, изјавила Лана која е во брак 42 години.

Овие луѓе зборувале на радио емисија во која се разговарало за истражувањето и ги споделиле нивните искуства и мислења за заедничките животи. По сè изгледа дека тајната на успешниот брак е трпеливоста кон вашиот сопруг или сопруга.

Погледнете ги и непишаните правила за среќен и успешен брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар