Живеејќи помеѓу дрвјата

Живеејќи помеѓу дрвјата

Недалеку од брегот на Пацификот, во џунглата на Костарика, на дрвјата е отпочнат еден живот, надвор од границите на урбаноста. „Finca Bellavista“ е заедница на постојани жители и гости сместени во куќи изградени во крошните на дрвјата од дождовната шума. Куќите се поврзани со воздушни мостови и кабли, а до нив можете да стигнете и преку скали. Оваа идеја ја реализираше едно дуо сонувачи, на кои им дошло преку глава од живеењето во САД.
Живеејќи помеѓу дрвјатаСоздавачите Метју и Ерика Хоган го создале ова место, не како нивно приватно место, туку како место кое ќе привлекува патувачи и луѓе кои имаат желба тука да живеат постојано. Парцелите се достапни за купување, каде што заинтересираните купувачи можат да се приклучат кон заедницата и да направат своја куќа на дрво. Гостите можат да направат избор, при изнајмување на едно од местата за краток или подолг престој во оваа заедница, која е одлична за повремено избегнување на модерниот начин на живеење.
Живеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаСепак, не може да се каже дека модерното нема допрено и на ова место. Ограничена електрична енергија, топла вода, па дури и безжична интернет конекција, се можности кои можете да ги добиете во овој центар. Засега поголемиот дел од куќите се поврзани со кабли, иако заедницата постојано гради воздушни мостови, кои моментално поврзуваат помал дел од куќите на дрвјата. Сите овие нешта се прават, благодарејќи на фактот што доаѓаат нови доселеници.
Живеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаНа ова место, природата е во фокусот на живеењето. Две реки со кристално чиста вода, врват низ заедницата, а има и големи водопади кои често ги привлекуваат посетителите да скокаат и да нуркаат. Океанот е во непосредна близина, а на само 2 километри има и мал рурален град. Но, најголемо искуство од живеењето во оваа природа, се самите дрвја од шумата. Диви птици, гуштери и мајмуни ги споделуваат живеалиштата со луѓето, давајќи едно поразлично искуство од живеењето со стандардните домашни миленичиња.
Живеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјатаЖивеејќи помеѓу дрвјата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Smileforever Reply

    Ne bi sakala da ziveeam tamu, ama za edno 2 nedeli moze 😉

Напиши одговор на Smileforever Откажи одговор