Во кој имагинарен свет би живееле вие?

Во кој имагинарен свет би живееле вие?

Фантазијата и научната фантастика сè повеќе изгледаат како реалност поради напредокот на технологијата која ѝ дозволува брзо развивање. Тогаш зошто не би гледале на имагинарните светови како потенцијална иднина? Еве неколку примери од филмовите за кои научниците дале свое мислење колкави се шансите тие да бидат навистина нашата иднина. Нивните одговори се движеле од можни и оптимистични, па сè до тешко замисливи и чиста фантазија.

Универзумот на Ѕвездените патеки

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Серијата „Ѕвездени патеки“ е преполна со наука и технологија која била инспирирана од различни генерации научници и инженери – патување побрзо од светлината, телепортација, светлосни оружја, универзални преведувачи, виртуелна реалност базирана на холограм технологија и мобилни комуникатори меѓу другото. Голем дел од оваа технологија всушност веќе е реалност, но од друга страна физичарите се сè уште далеку од дизајнирање на ворп погони со кои би можеле да патуваме каде што никој човек не бил претходно…

Мислење на научниците: оптимистично

Паркот Јура

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Во „Паркот Јура“ научниците пронашле начин со помош на клонирање и користење античка ДНК од фосилите да ги вратат изумрените диносауруси во живот. Научниците често се скептични дека ДНК би можела да преживее толку долго време, а и да може не веруваат дека би било доволно од неа да се создадат организми. Сепак, новелистот Мајкл Крајтон вели дека е можно да се направи комбинација од парчиња античка ДНК со онаа од живите животни.

Мислење на научниците: оптимистично

Галактичката република од „Војна на ѕвездите“

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Во „Војна на ѕвездите“ бионички надградени карактери се борат со светлосно оружје и комуницираат преку холограми на нивните ѕвездени бродови. И секако, да не ја заборавиме „ѕвездата на смртта“ која има моќ за масовно уништување на цела планета. Овие филмови многу влијаеле врз развојот на науката и технологијата во реалниот живот. Но тоа што е потешко замисливо за научниците се микроскопските „медихлорини“ кои се наоѓаат во одредени личности, како и идејата дека Силата е физичка енергија која им овозможува телепатија, телекинеза и предвидување.

Мислење на научниците: тешко замисливо

Светот на Нарнија

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Задниот дел од плакар во мал град во Англија води кон друг свет, Нарнија, каде што времето тече различно од Земјата и децата се здружуваат со лав кој зборува и со други митски суштества за да се борат против вештерка која може со помош на магија да ги претвори своите противници во камен. Фактот дека портал би можел да води кон друга планета каде што времето се движи на друг начин, веднаш ве потсетува на научна фантастика, но сепак серијата Нарнија никогаш не била базирана на наука.

Мислење на научниците: чиста фантазија

Универзумот на Фајрфлај

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според ТВ серијата „Фајрфлај“, луѓето мигрирале од Земјата и колонизирале систем со процесот наречен тераформирање (го направиле погоден за живот). Поделбите помеѓу богатите и сиромашните и цивилната војна предизвикале многу голем број луѓе да живеат во светови непогодни за живот и единствената технологија која ја поседувале била примитивна, на ниво на Стариот Запад. Во оваа серија гледаме научна фантастика во која нема роботи, вонземјани и бродови побрзи од светлината, но се сретнуваат и неколку необични елементи како телепатијата. Системот во кој луѓето живеат на некој начин малку ја предизвикува имагинацијата бидејќи се состои од 5 ѕвезди, 12-тина планети и стотици месечини.

Мислење на научниците: оптимистично

Во Земјата на Оз

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Вртлог ја носи Дороти во место каде што се наоѓаат страшила, лавови и лимени луѓе кои имаат способност за зборување. Тие мора да отпатуваат до необичен град и таму да се соочат со вештерки. И покрај тоа што Ханс Моравек предложил да се „аплоадира“ мозокот во компјутер така што ќе се заменуваат еден неврон по друг со микрочипови кои ќе ја имаат истата функција, што многу наликува на преобразбата на лимениот човек, сепак летачките мајмуни не изгледаат како многу можно сценарио за иднината.

Мислење на научниците: чиста фантазија

Средната земја од Господарот на прстените

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Во Средната земја, луѓето, џуџињата, хобитите и орките започнуваат војна во свет сличен на средновековниот во кој живеат огромни волци, орли, пајаци и други замислени суштества. И покрај тоа што научниците пробуваат да развијат некој вид наметка за невидливост, големи се шансите дека огромен огнен Балрог не би можел да постои во иднината.

Мислење на научниците: чиста фантазија

Матрикс

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според трилогијата „Матрикс“, војната помеѓу луѓето и роботите ја направиле планетата скоро непогодна за живот. Бидејќи веќе немале извор на енергија, роботите ги заробиле луѓето и со помош на нивните мозоци кои се приклучени за компјутерски имагинарни светови ги напојуваат своите генератори. Научниците полека напредуваат во областите на роботиката и виртуелната реалност, но сè уште се многу далеку од технологијата во филмот.

Мислење на научниците: тешко замисливо

Пандора од Аватар

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Пандора е месечината од фиктивниот гасовит џин наречен Полифелмус, кој се наоѓа во бинарниот ѕвезден систем Алфа сентаури. Таму луѓето кои се наоружани со роботски егзоскелети се борат со хуманоидните вонземјани за рудниците со суперкондуктивни метали. Режисерот Џејмс Камерон, кој на времето бил претседател на научниот клуб во неговото училиште, се трудел скоро се во филмот да биде научно точно, но притоа признал и дека си дал малку поетска дозвола.

Мислење на научниците: оптимистично

Светот на Јас, робот

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Иднината во филмот „Јас, робот“ е преполна со андроиди и други видови роботи кои ги следат трите закони на роботиката кои би требало да ги спречат во повредувањето на себеси и на другите додека им служеле на луѓето. Научниците полека развиваат роботи кои можат да одат како луѓето, кои во Јапонија веќе се употребуваат како дополнителна помош во некои области. Но, роботи со разум како луѓето сè уште не се реалност.

Мислење на научниците: можно

Малцинскиот извештај

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според овој филм, полицијата се потпира на видовити кои можат да го предвидат злосторството пред тоа да се случи и на тој начин да го спречат. И покрај тоа што предвидувањето е сè уште само фантазија, режисерот Стивен Спилберг за овој филм вработил цел кадар футуристи кои создадоа слика за иднината од нивна гледна точка. Кога подобро ќе размислите, можеби предвидувањето и не е баш толку невозможно.

Мислење на научниците: оптимистично

Универзумот на Ѕвездената порта

Во кој имагинарен свет би живееле вие?„Прстени“ со вонземско потекло служат како портали кои водат до далечни светови така што отвораат црвји дупки низ кои поминуваат нашите истражувачи. Тие многу често се соочуваат со вонземјани кои се претставуваат како веќе познатите египетски богови. И покрај тоа што научниците се согласуваат дека црвјите дупки теоретски постојат, тие велат дека воопшто не изгледаат како тие од оваа серија.

Мислење на научниците: трешко замисливо

2001: Вселенска одисеја

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Вонземјаните си играат со еволуцијата на човековиот вид и зад нив оставаат артeфакти кои можат да ги пронаоѓаат астрономите низ вселената и со нив да трансформираат гасовити џинови во ѕвезди. И покрај тоа што поголемиот дел од приказната на Артур С. Кларк ви изгледа како фантазија тој вели, „Секоја доволно напредна технологија не се разликува многу од магијата“. Науката во филмот вклучува вештачка интелигенција, нуклеарна физика, орбитална механика, суспендирана анимација, видеофонија, колонизација на месечината и препознавањето на гласови. Голем број од овие технологии не се многу далеку од тоа што веќе можеме да го забележиме и во реалноста.

Мислење на научниците: оптимистично

Терминатор

Во кој имагинарен свет би живееле вие?Во филмовите „Терминатор“, машините и луѓето постојано пробуваат „одново да ја напишат“ историјата, така што праќаат војници назад во времето за да ги убијат или заштитат историските личности. Сè уште постои голема дебата дали воопшто е возможно да се патува назад во времето и поголемиот број од научниците се многу скептични на оваа тема. Но, научниците не само што работат на создавање хуманоидни роботи, туку тие се обидуваат и да ги дизајнираат да изгледаат исто како човекот, што сугерира дека киборгот кој го игра Шварценегер можеби еден ден навистина ќе постои. Исто така има обиди за создавање и на релативно примитивни машини кои го менуваат својот облик.

Мислење на научниците: оптимистично

Доколку би имале избор, во која иднина од овие би сакале да живеете вие?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. :) Reply

    a Harry Potter? propust!

  2. Mona Reply

    Avatar 😀

  3. Бубу Reply

    Star trek, Star wars и Avatar

  4. Ana Reply

    Narnijaa ^_^

  5. Смајли Reply

    Pandora

  6. Јована Reply

    Во светот на хари Потер дефинитивно! ( не сте смееле тој да го пропуштите 🙂 )

  7. Теичка Reply

    Светот на Нарнија ♥

  8. Ivi Reply

    Narnija

  9. Ангела Reply

    Middle Earth

  10. Igor Reply

    Jura Park 😀

Напиши одговор на Теичка Откажи одговор