Тајните на водата

Тајните на водата

Автор: М. Давидовска

Секој ден ја пиеме, а малкумина од нас знаат колку е таа моќна и значајна во нашиот живот. На 22 март се одбележа меѓународниот ден на водата. По тој повод, еве неколку познати и помалку познати факти за неа.

Тајните на водата

Нашето тело има 80% вода, а исто толкав е процентот и на вкупната количина вода на Земјината топка. Толку многу вода, а уште повеќе тајни, кои таа ги крие во себе.

Научниците велат дека водата е мала молекула со крајно специфични својства. Не постои друга молекула, во која се откриени такви аномалии. Да не постоеше барем една од тие аномалии, немаше да постои животот на Земјава.

Водата може да се наоѓа во три агрегатни состојби. Од сите течности, таа има највисок површински притисок и е најмоќниот растворувач.

Тајните на водата

Резултатите од експериментите изведени во многу држави, покажуваат дека водата го прима и помни секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некој предмет, за да ги „разбере“ и меморира неговите својства.

Помнејќи ја информацијата од околината, таа придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште беше дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав. Сензационална новост е дека тоа претставува глупост. Структурата на водата всушност е многу поважна од хемискиот состав.

Тајните на водата

Структурата на водата се однесува на начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во коишто водата запишува сè што гледа и чувствува.

Со современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440.000 информациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина.

Молекуларната структура претставува „азбука на водата“. Со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.

Тајните на водата

Емоциите, позитивните и негативните делуваат најсилно. Во лабораторијата на прoф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции врз водата. Водата реагирала на строго определен начин. Генерално, љубовта ја стабилизира, агресијата ја дестабилизирa.

Во лабораторијата на д-р Емото се испитува водата подложена на различни делувања. „Впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со криогена камера.

Тајните на водата

Влијание на зборовите „Ти благодарам“ (лево), „Ми се лоши од тебе, ќе те убијам“ (десно)

Тајните на водата

Влијание од хеви метал музика (лево) и од Моцарт (десно)

Современата технологија овозможува структурирање на водата. Обработувањето на земјата со структурирана вода навистина има ефект. Структурираната вода делува и на крвта на човекот. Терапија со таква вода го лечи организмот.

Феноменот структурирана меморија и овозможува на водата да запамети сè наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата.

Водата ни дава живот, здравје и енергија. Разбудете ја свеста и користете ја водата на правилен начин.

Легендата вели: Ќе дојде ден кога целата вода на светот, освен онаа која ќе биде брижно сместена, ќе исчезне. А на нејзино место ќе се појави друга, од која луѓето ќе полудуваат.

Тајните на водата

Само еден човек го сфатил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода. Дошол претскажаниот ден кога сите извори пресушиле. Човекот пиел од своите резерви. Набрзо изворите се наполниле со нова вода. Луѓето пиеле жедно и сите полуделе, а тој човек продолжил да пие од својата вода и останал нормален. Тој бил единствениот „разумен“ сред „безумниците“. Сите луди го нарекувале луд. Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот. А безумниците сфатиле дека тој најпосле се здобил со разум…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. vikotr Reply

    Затоа треба да си внимаваме на нашата вода да не полудиме!би сугерирал молитвата и медитацијата ги содржат најубавите молекулни структури…затоа не ве кошта ништо пред да се напиете чаша вода кажете си една молитва за да ви тргне денот:)

Остави коментар