Што ќе возат полицајците во 2025 година?

Што ќе возат полицајците во 2025 година?

Ако Мерцедес добие шанса да произведува патролни полициски возила во 2025 година, тогаш тие би изгледале според овој концепт создаден за натпреварот Los Angeles Design Challenge 2012.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Креаторите на концептот Mercedes Benz Ener-G-Force го приспособиле ова возило првенствено за оф-роуд услови затоа што предвидуваат дека слободните активности на луѓето ќе се префрлат во дивината во идниот период. Сепак, тој е вооружан и со соодветна технологија која ќе му овозможува брзо и ефикасно пробивање и во сообраќајните метежи на големите метрополи.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Базиран на модел на Мерцедес од 1979 година, Ener-G-Force има помали прозорци поради тоа што полициските службеници се изложени на голем број опасности, а сигналните светла се сместени на покривот од каде што се лесно видливи. Дизајнот на предниот дел делува смело и застрашувачки. Негова најинтересна карактеристика се предните светла кои наликуваат на буквата G.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Како и секое друго возило на иднината, така и ова ќе „води сметка“ за животната средина. Во него ќе биде вграден посебен уред којшто водата ќе ја претвора во хидроген кој ќе придонесе за работата на електромоторот. Дел од водата до овој уред ќе стигнува од посебен сад инсталиран на покривот, кој ќе ја собира водата од дождовите за подоцна да ја употреби за да го придвижи возилото.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. eeeeeeeeo Reply

    a od kaj oa vie znaete sho ke bide u idnina -.-

Напиши одговор на eeeeeeeeo Откажи одговор