5 шминкерки кои треба да ги следите на Јутјуб
Без разлика колку добро знаете да се шминкате, овие девојки можат многу да ви помогнат и да ве научат. Ви препорачуваме редовно да ги следите нивните Јутјуб-канали.

Зои Суг (Zoella)
Таа е популарна во Велика Британија, многу е остроумна, интересна и слатка. Секое нејзино видео делува професионално и квалитетно, а ќе ве научи да правите и многу фризури.
Вејли Хонг (I Like Weylie)
Таа е позната како многу практична девојка. Сите видеа ѝ се снимани „чекор по чекор“ и за неа не постои табу тема.
Патрисија Брајт (Patricia Bright)
Не само што е иновативна кога станува збор за шминката, туку знае одлично да се справи и со косата.
Ингрид Нилсен (Miss Glamorazzi)
Таа снима видеа од 2009 година и во овој период стана вистински експерт за давање брзи и едноставни совети.
Кенди Џонсон (Kandee Johnson)
Таа е холивудска шминкерка која своите смели идеи ги дели со своите обожаватели ширум светот. Позната е по тоа што секогаш има свежи и различни идеи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
