Решете го овој едноставен тест и откријте дали сте во токсична врска

Понекогаш воопшто не сме свесни за малите проблеми во врските сè додека не доведат до некое поголемо незадоволство или конфликт. Другпат, пак, од навика остануваме во маѓепсаниот круг на негативни емоции, без да размислуваме колку си наштетуваме себеси. Ако постои сомнеж дека во вашата врска нешто не оди како што треба, тогаш прочитајте ги следните тврдења и одговорете на нив со „вистина“ или „не е вистина“:

Решете го овој едноставен тест и откријте каква е вашата врска

  • Се чувствувам или сум се чувствувал/а повредено
  • Се чувствувам или сум се чувствувал/а како никој да не ме разбира
  • Имам помислено: „Ова не можам да го поднесам“
  • Не се чувствував/чувствувам виновен/на за тој проблем
  • Си имам кажано: „Стани и оди си!“
  • Лут/а сум или сум бил/а лут/а
  • Се чувствував или се чувствувам разочарано
  • Неправедно сум обвинет/а
  • Имам помислено: „Мојот партнер не смее вака да се однесува со мене“
  • Сум бил/а исфрустриран/а од односот
  • Ме нападнале на лично ниво
  • Посакав/посакувам да вратам на истото ниво
  • Постојано спречувам налет на критики
  • Сакам да вратам со иста мерка на критиките
  • Сакам да се заштитам себеси
  • Приговорите ги доживувам како навреди
  • Се однесува или се однесувал/а како манипулатор
  • Ме критикува без основа
  • Чувствувам дека партнерот сака да има контрола врз мене
  • Посакувам само оваа негативност да престане

Решете го овој едноставен тест и откријте каква е вашата врска

Ако на повеќе од пет тврдења одговоривте со „вистина“, тогаш вашиот однос е преполн со негативни емоции, а доколку речиси на сите тврдења одговоривте потврдно, тогаш навистина треба да размислите дали вреди да останете во оваа врска, со личност која ве прави несреќни. Но, ако сепак решите да дадете уште една шанса на ваквата врска, тогаш треба да се посветите на ритуалите на зближување, но и да научите да се карате.

Постојат повеќе начини да ја вратите топлината на врската, но тоа треба да биде желба на двајцата партнери, не само на едниот. Издвојте време за нив, разговарајте за изминатиот ден, посветете се еден на друг и обидете се да ја вратите довербата во вашата врска.

Расправии, секако, ќе има, бидејќи не постои среќна врска без караници. Но, исто така, треба да научите како во караницата да го кажете сето она што ве мачи, без да го потиснувате во себе. Важно е да не премолчувате и да не оставате негативните емоции да тлеат во вас и секако, да не преземате чекори само поради инает.

Прочитајте повеќе за 3-те знаци кои секоја жена треба да ги препознае кај мажот кој вреди да го сака.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар