Краток Роршахов тест со дамки: Што гледате на овие 3 слики и што кажува тоа за вашата личност?

Краток Роршахов тест со дамки: Што гледате на овие 3 слики и што кажува тоа за вашата личност?

Роршаховиот тест со дамки е еден од најценетите проективни тестови што се работат во психоанализата. Иако станува збор за комплексен психолошки тест, за чија интерпретација е потребен стручен кадар, сепак во духот на забавата, ви пренесуваме дел од овие дамки и нивните најчести општи значења. Сè што треба да направите е да ги погледнете сликите, да се обидете да разберете што гледате пред вас и да го откриете значењето на вашиот одговор под нив.

Што гледате на оваа слика?

  • Резултати:

    1. Рендгенска снимка на градниот кош што ги покажува срцето, белите дробови и крвта

    Ова сугерира дека во себе носите нешта што би сакале да ги изразите, но свесно бирате да патите во тишина за да не ги вознемирувате другите. Исто така тешко ви е и да кажете „Не“.

    2. Ексцентричен професор со седа коса и голем нос

    Вие сте добронамерни, самокритични, големи мислители и одлични пријатели.

    3. Раја

    Ненаметливи сте, па понекогаш ви се случува, не по ваша волја, посилен карактер да ве истурка од својот пат. Како резултат на тоа имате потреба почесто да се браните.

 

Што гледате на оваа слика?

  • Резултати:

    1. Пар ноеви, свртени еден кон друг

    Вие сте растргнати на сите страни и тоа понекогаш воопшто не ви се допаѓа. Се обидувате да балансирате меѓу екстремни расположенија и премногу сериозно ги сфаќате нештата.

    2. Животно со рогови, како ирвас

    Вие сте многу грижлива личност, а успехот ви доаѓа природно. Си поставувате детални планови и ги следите од почеток до крај.

    3. Очила за сонце, градник или брада

    Верни сте на својот стил, иако понекогаш премногу се грижите за тоа што другите го мислат за вас па затоа и барате надворешни решенија (облека, автомобил) за внатрешните проблеми.

 

Што гледате на оваа слика?

  • Резултати:

    1. Силен маж со стегнати мускули

    Овој избор укажува дека сте способни да се справите со сè што ќе ви излезе на патот. Природно сте надарени и секогаш отворени за предизвик.

    2. Скорпија

    Физички сте многу чувствителни, но не и емоционално.

    3. Матка

    Чувствувате дека не го искористувате вашиот целосен потенцијал. Вие имате многу идеи како треба да ви функционира животот, но неретко немате можност да ги остварите.

Сакате дополнително да го истражувате вашиот карактер со Роршахови дамки? Кликнете тука!

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар