Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни за време на нивната бременост

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни за време на нивната бременост

Бременоста е различна кај сите животни. Рендгенските снимки на овие животни ни даваат увид во тоа како изгледа таа кај нив. Дали сте знаеле дека стотици бремени лилјаци формираат нивни сопствени мајчински области? Или пак дека желките може да положат јајца од сезона на парење која ја имале пред три години? Погледнете ги овие рендгенски снимки и дознајте што е она што ја прави уникатна бременоста кај секое животно.

1. Бремена желка

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Женските желки се во можност да ја задржат спермата во јајцеводите во период од три години. Едно положување на јајца може да има повеќе татковци.

2. Бремен мајмун од видот лангур

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Една зоолошка градина во Австралија има развиено програма за размножување за овој загрозен вид.

3. Бремена мачка

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Мачките може да забременат од околу 4-месечна возраст, доколку не бидат стерилизирани. На околу 45 дена од бременоста, скелетите на малите мачиња ќе бидат доволно оформени за да се појават на рендгенските снимки.

4. Бремена змија

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Во зависност од видот, змиите може или да положат јајца или да носат живи плодови, како што е покажано на сликава. Некои видови може да носат од две до десет змии и да ја чуваат спермата подолг период. Значи, доколку се парат во есенската сезона, спермата ќе се чува и бременоста ќе започне по хибернацијата.

5. Бремено куче

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Кучињата се бремени три периоди, а секој период трае по 21 ден. Околу 45-тиот ден возможно е со рендгенски снимки да се открие колку кученца има внатре во стомакот.

6. Бремен гуштер

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Повеќето видови од гуштерите кои живеат на дрво, вклучувајќи го и овој, носат живи плодови. Можете ли да ги забележите трите мали бебиња во внатрешноста на мајката?

7. Бремен лилјак

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Лилјаците се сметаат како едни од животните кои имаат најбавна репродукција. Женките раѓаат по само еден потомок и бремените лилјаци може да се формираат заедно во голема мајчинска група.

8. Бремена киви

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Дивите женки положуваат јајца на околу 3 до 5-годишна возраст. Положеното јајце е шест пати поголемо отколку што може да се процени големината на птицата, зафаќајќи 20% од телото на неговата мајка.

9. Бремена чинчила

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Само неколку часови откако ќе се родат малите, тие се способни да ги отворат очите и да почнат да одат.

10. Бремен ракун

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Бременоста обично трае 63 дена, со 4 до 5 плодови. Малечките ги отвораат очите околу три недели по раѓањето.

11. Бремено морско прасе

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Женските морски прасиња стануваат сексуално зрели на 2-месечна старост, а размножувањето по 8-месечна возраст може да биде опасно.

12. Бремена срна

Рендгенски снимки откриваат како изгледаат различни животни во нивната бременост

Бременоста трае околу 230 дена и само неколку денови по раѓањето, мајката може повторно да се размножува, а тоа им помага да го заштитат нивниот вид од изумирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар