Психолошки тест: Дали сте оптимист или песимист?

Дали вашата чаша е половина полна или половина празна? Дали секое утро очекувате сонце или дожд? Дали верувате во најдобриот исход или секогаш го очекувате најлошото? Решете го овој текст и дознајте дали сте оптимист или песимист.

Психолошки тест: Дали сте оптимист или песимист?

Прочитајте ги внимателно следниве прашања, искрено одговорете со „да“ или „не“ и потоа соберете ги бодовите од вашите одговори…

1. Дали сакате да патувате?

2. Дали сакате да научите да работите нешто ново, нешто што досега никогаш не сте го правеле?

3. Дали патите од несоница?

4. Дали сакате да ги каните пријателите на гости или да одите вие да ги посетите?

5. Имате ли развиена интуиција, односно дали можете да претчувствувате неволја која следува?

6. Ве обземаат ли често мисли дека многу луѓе од вашата генерација постигнале многу повеќе во животот од вас?

7. Се занимавате ли со спортување?

8. Сметате ли дека судбината била неправедна кон вас?

9. Ве загрижува ли можноста за глобална катастрофа?

10. Сметате ли дека размислувањето предизвикува повеќе проблеми отколку што решава?

11. Се сомневате ли во изборот на вашата професија?

12. Дали вашиот дом е осигурен?

13. Дали би се преселиле во друг град доколку таму ви понудат интересна и добро платена работа?

14. Дали сте задоволни со својот изглед?

15. Дали често се чувствувате лошо?

16. Можете ли лесно да се вклопите во нов тим на работа.

17. Дали луѓето околу вас сметаат дека сте активна личност?

18. Верувате ли дека постои пријателство без корист?

19. Верувате ли во добри знакови: среќни броеви, денови и слично?

20. Сметате ли дека секој сам ја гради својата среќа?

 

  • Бодување:

    1. Да – 1; Не – 0

    2. Да – 1; Не – 0

    3. Да – 0; Не – 1

    4. Да – 1; Не – 0

    5. Да – 0; Не – 1

    6. Да – 0; Не – 1

    7. Да – 1; Не – 0

    8. Да – 0; Не – 1

    9. Да – 0; Не – 1

    10. Да – 0; Не – 1

    11. Да – 1; Не – 0

    12. Да – 0; Не – 1

    13. Да – 1; Не – 0

    14. Да – 1; Не – 0

    15. Да – 1; Не – 0

    16. Да – 1; Не – 0

    17. Да – 1; Не – 0

    18. Да – 1; Не – 0

    19. Да – 1; Не – 0

    20. Да – 1; Не – 0

 

Резултати:

Сериозен песимист (0-4)

Изгледа дека животот воопшто не внимавал на вас, па токму затоа и ништо не очекувате од иднината. Проблемите за вас се природна работа, а радоста е нешто што одвреме-навреме ви се случува. Токму затоа постојано ве мачи чувство на вина и намалена вредност за себе. Иако е добро да се преземе одговорноста за она што ни се случува во животот, вие едноставно претерувате во себеобвинувањето. Време е да ја промените вашата перспектива!

Песимист (5-9)

Вие по природа сте весела личност, но во животните борби сте изгубиле дел од оптимизмот. Се плашите од неуспех и токму затоа сте се повлекле во себе. Мислите дека сè што е добро кратко трае и дека вие не можете никако да влијаете врз тоа. Време е да излезете од вашата удобна зона!

Реалист (10-14)

Вие сте реалист кој знае да се цени и себеси и другите. Знаете како да си ги поставите задачите и како успешно да ги решите. Активни сте во вашиот живот. Емотивната стабилност се гради со години и токму затоа не е чудно што зрелоста носи стабилност и во овој поглед. Некој секогаш ќе биде поубав, попаметен и помлад од вас, но никогаш нема да биде ВИЕ. Немојте да се менувате за да ги натерате другите да ве сакаат. Бидете оние кои навистина сте и вистинските луѓе веднаш ќе ве засакаат!

Оптимист (15-18)

Вас ретко кога ве обзема депресија бидејќи постојано се трудите да ја гледате светлата страна на нештата. Многумина не сфаќаат на што е заснован вашиот оптимизам. Вие лошите нешта ги препишувате на моментални причинители, односно верувате дека нештата брзо ќе се подобрат. Вие станувате брзо откако ќе паднете, а токму тоа укажува дека сте на правиот пат!

Вечен оптимист (19-20)

Вашиот оптимизам е бескраен. За вас изгледа не постојат непријатности. Браво!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Непознат Reply

    Кафе пауза вие сте одлични!
    Продолжете само така, секојдневно ве следам и со вас денот ми е поубав.
    Ви ги читам скоро сите статии, но без исклучок статиите со убавите мисли, поучните приказни и нешто поврзано со психологија. НАЈДОБРИ СТЕ!
    Само напред и се повеќе и повеќе содржини да објавувате.

Остави коментар