Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

Еден професор во средно училиште сакал да сподели важна животна лекција со неговите ученици. Но, тој сметал дека монотоното предавање нема да биде слушнато, па токму затоа испланирал интерактивна вежба. Сè што му било потребно биле парчиња хартија и канта за рециклирање на почетокот од просторијата.

Тој им кажал на сите ученици дека тие ја претставуваат целата популација и дека секој од нив има шанса да се збогати. Потоа им дал едноставна инструкција:

„За да преминете во повисоката класа, вие мора да го фрлите парчето хартија во кантата, но притоа без да станете од вашето столче.“

(1) Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

Резултатите биле токму тоа што би можеле да очекувате. Повеќето од учениците во првите редови ја погодиле кантата, додека поголемиот дел од оние позади не успеале. Професорот објаснил:

„Колку сте поблиску до кантата, толку ви се подобри шансите. Вака изгледа привилегијата.“

(2) Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

Единствените ученици кои се жалеле за нефер ситуацијата биле оние од задниот дел на просторијата. Од друга страна пак, учениците понапред во просторијата биле толку фокусирани на задачата што воопшто не обрнале внимание на нивната предност, односно привилегија.

Токму така и функционира привилегијата. Таа може да ни овозможи појасен поглед во сегашноста и иднината, но исто така може и да нè одвлече од предизвиците кои ги доживуваат луѓето зад нас со истите цели. Во таа смисла, луѓето со привилегии можат да бидат пречки за социјалното движење на оние без привилегии. Професорот завршил со следнава изјава:

„Вашата работа како студенти кои се здобиваат со едукација е да бидете свесни за вашата привилегија и да ја искористите оваа привилегија наречена ‘образование’ за да го направите најдоброто што можете при постигнување на огромни нешта, но притоа треба и да им помагате на оние во редовите зад вас.“

Погледнете го ова одлично видео од целиот настан…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар