Принцезата со бркови за која мажите се убивале

Насир ел Дин Шах Каџар бил персиски шах кој владеел во средината на 19-тиот век. Како и повеќето тамошни владетели од тој период, и тој имал многу жени. Само во неговиот харем се наоѓале 84. На овој број додајте и десетина сопруги, па ќе ви стане јасно колку жени имал на располагање во секој момент.

Принцезата со мустаќи за која мажите се убивале

Бидејќи приоритет на секој владетел бил да остави потомство, Насир ел Дин имал дури 21 дете – 11 принцови и 10 принцези. Најинтересно од сите негови деца била принцезата Фатема Канум Есмет ал Довлех.

Убавица со бркови

Принцезата со мустаќи за која мажите се убивале

Оваа девојка била миленичка на шахот и важела за најубавото од сите деца. Денес се смета за најфотографирана жена во неговиот дворец. Голем дел од фотографиите ги направил татко ѝ кој бил страстен фотограф.

Насир долго време се обидувал да пронајде достоен маж за Есмет. Постои легенда дека 13 момчиња се убиле бидејќи принцезата ги одбила, но веројатно ова не е вистина. Како и повеќето жени од овој период, најраниот дел од младоста го поминала во харем опкружена само со жени. Ова значи дека баш и немала можност да разговара и да одбие 13 мажи.

Принцезата со мустаќи за која мажите се убивале

Според фотографиите што можеме да ги видиме денес, Есмет била далеку од занесна убавица каква што замислуваме кога ќе го спомнеме зборот харем. Есмет била ниска и со вишок килограми. Главата и вратот ѝ биле покриени со богато украсени марами. Главниот адут на нејзиното лице биле споените веѓи и темните, многу изразени бркови. На прв поглед дури изгледа и како машко.

Но, во тој период критериумите за убавина биле такви, особено во високите класи. Колку жената била подебела, толку била поубава. Ова особено се однесувале за жените од владетелските семејства. Тие ја јаделе најдобрата храна и не им дозволувале да се движат премногу.

Мажествениот изглед, што значело жената да е силна и влакнеста, станал симбол за убавина во Иран во 19-тиот век. Поради ова Есмет била вистинска убавица.

Европејките биле згрозени

Принцезата со мустаќи за која мажите се убивале

Во дворецот на шахот често имало пратеници, фотографи и уметници од странство. Ако со нив биле и нивните сопруги, тие добивале прилика да се запознаат со членовите на семејството на шахот.

Сопругата на еден белгиски пратеник ја запознала Есмет во 1877-ма година и во нејзиниот дневник запишала дека била згрозена.

„Над нејзините горни усни имаше јасно видливи црни бркови кои ѝ даваа мажествен изглед.“

Важно е да се спомене дека Есмет била многу повеќе од убаво лице. Спротивно на традицијата, научила да свири клавир и се верува дека е првата жена од Иран која го направила ова. Покрај тоа станала и фотограф. Веројатно нејзиниот татко имал голема доверба во неа штом ѝ дозволувал постојано да се дружи со европските дами кои биле во посета. Ова укажува дека Есмет најверојатно зборувала и уште еден јазик.

Среќниот избраник

Принцезата со мустаќи за која мажите се убивале

На крај шахот ја омажил Есмет за Дуст Мухамед Кан, син на угледно кралско семејство. По венчавката се знае малку за неа, иако е познато дека останала во дворецот и редовно разговарала со посетителите од Запад.

Како и татко ѝ, и таа се вљубила во фотографирањето па направила мало студио во својот дом. Најчесто ги фотографирала своите пет деца и сопругот. Есмет умрела на 31-годишна возраст во 1905-та година и била погребана до нејзиниот сакан татко.

Погледнете ги и овие шокантни теории кои ја покажуваат другата страна на историјата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар