Примарни причинители на рак на дојката кои треба да ги знаете

За да знаете како да го превенирате ракот на дојка треба само да бидете добро информирани. Научете колку што е можно повеќе информации за ваше добро, па потоа споделете ги и со другите жени во вашиот живот.

Примарни причинители на рак на дојки

Употребата на антиперспиранти за некои личности е секојдневна рутина. Но, она што повеќето не го знаат е дека треба да се избегнуваат оние антиперспиранти кои содржат алуминиум во својот состав, бидејќи на тој начин се зголемува ризикот од рак на дојка.

Антиперспирантите функционираат така што ги затвораат порите кои отпуштаат пот под вашите пазуви со помош на алуминиумот. Ова не само што ја блокира способноста на вашето тело за детоксикација (испуштање токсини преку потта) туку и им дозволува на овие метали да патуваат насекаде низ вашето тело.

Неодамнешна студија ја покажала поврзаноста помеѓу ракот на дојката и редовната употреба на антиперспиранти. Ризикот се зголемува уште повеќе доколку тој се нанесува веднаш по бричење.

Порано се верувало дека дезодорансот е многу побезбеден од антиперспирантите, но неодамнешни студии покажале дека постои поврзаност помеѓу парабените (состојки во дезодорансите) и ракот на дојката. Еден едноставен пример за ова е аутопсијата на една жена која починала од рак на дојка каде што во ткивото на нејзините гради биле најдени огромни количини на парабени.

Дали и градниците предизвикуваат рак на дојка?

Многу доктори и истражувачи се согласуваат дека носењето градници кои се претесни можат да ја сопрат лимфната дренажа, а токму тоа може да доведе до развивањето рак на дојка поради фактот што вашето тело не е способно да ги исфрли сите токсини кои е потребно во текот на еден ден. Алуминиумот од антиперспирантите е само еден потенцијално опасен начин кој предизвикува насобирање на токсините доколку вашата лимфна дренажа е нарушена.

Постојат голем број цврсти студии кои го поврзуваат носењето градник со ракот на дојката, но најголемата од нив била спроведена од страна на медицинските антрополози Сидни Сингер и Сома Грисмајлер (автори на книгата „Dressed to Kill: The Link Between Breast Cancer and Bras“). Тие спровеле студија од над 4.000 жени и откриле дека оние кои не носат градници се изложени на помал ризик од рак на дојка. Нивните откритија ги вклучуваат следните резултати:

  • Жените кои ги носат своите градници 24 часа на ден, имаат 3 од 4 шанси да развијат рак на дојка.
  • Жените кои ги носат своите градници повеќе од 12 часа на ден, но не и додека спијат, имаат 1 од 7 шанси да развијат рак на дојка.
  • Жените кои ги носат своите градници помалку од 12 часа на ден имаат 1 од 52 шанси да развијат рак на дојка.
  • Жените кои носат многу ретко градник или пак, никогаш имаат 1 од 168 шанси да развијат рак на дојка.

Постои огромна разлика во ризикот од заболување помеѓу жените кои носат градник 24 часа и оние кои не носат воопшто. Според овие резултати, поврзаноста помеѓу градниците и ракот на дојка е околу 3 пати поголема од поврзаноста помеѓу цигарите и ракот.

И покрај тоа што оваа студија немала целосна контрола врз останатите ризик фактори кои можат да влијаат на резултатите, постојат и други студии кои откриле слични поврзаности. На пример, една група јапонски истражувачи откриле дека носењето градник може да го намали нивото на мелатонин во вашето тело за околу 60%. Хормонот мелатонин е тесно поврзан со контролата на вашите циклуси за спиење, а голем број студии покажале и дека е огромен борец против ракот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар