Рецепт: Италијанска торта

Рецепт: Италијанска торта

Оваа торта може да се подготви во тркалезен калап, но може да се испече и во квадратен сад.


Рецепт: Италијанска торта

Потребни состојки:

  • 100 г маргарин
  • 150 г путер
  • 250 г брашно
  • 250 г шеќер
  • 6 јајца
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 250 милилитри млеко
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 200 г кокос

За филот:

  • 200 г маскарпоне
  • 150 г путер
  • 450 г шеќер во прав
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 150 г ореви или лешници

Начин на подготовка:

  1. Миксирајте ги маргаринот и путерот со шеќерот додека не добиете пенеста смеса.
  2. Додадете ги јајцата едно по едно и миксирајте.
  3. Во друг сад измешајте го брашното со содата бикарбона и полека додавајте го во смесата со јајцата.
  4. Повремено ставајте млеко за да ја промешате смесата рамномерно.
  5. На крај додајте ги кокосот и ванилата.
  6. Ставете во подмачкан калап/сад и печете околу 40 минути на 180 степени.
  7. За филот, миксирајте го путерот со маскарпонето, а потоа додајте ги шеќерот и ванилата.
  8. Еден дел од оревите и лешниците додадете го во филот, а другиот дел оставете го за украсување.
  9. Украсете ја вашата торта по желба и уживајте.

Погледнете како да направите златен сладолед за челичен имунитет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар