10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

Кога гледаме филмови и ТВ серии, ние почнуваме да мислиме дека добро ги знаеме актерите кои ги играат своите улоги. Многу е лесно да се претпостави дека глумците наликуваат на своите улоги, но верувајте, работите никогаш не се онака како што изгледаат. Погледнете ја оваа листа на 10 хомосексуални актери кои премногу добро ги играат своите стрејт улоги.

1. Сара Полсон

10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

Полсон, најдобро позната според својата работа во ТВ серијата „Американски хорор приказни“ има јавно изјавено дека е бисексуалка. Нејзината прва врска со жена била актерката Чери Џоунс која траела од 2007-ма до 2009-та година. Пред Џоунс, Полсон никогаш претходно не била во врска со жена, но по нивното раскинување во 2009-тата година, таа изјавила дека е отворена за врски и со мажи и со жени.

2. Виктор Гарбер

10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

Гарбер, кој најдобро го помниме по своите улоги во филмовите „Арго“, „Титаник“, „Легално русокоса“, како и „Клубот на првите жени“ е исто така хомосексуалец. Неговото јавно признавање било во 2012 година кога тој изјавил, „Не зборувам за тоа, но сите знаат.“ Тој веќе 15 години живее во Њујорк со својот партнер, Рејнер Андрисен.

3. Џим Парсонс

10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

Парсонс, односно Шелдон од ТВ серијата „Теоријата за Биг Бенг“ е еден од најслободните и најотворени хомосексуални актери на малите екрани. За својата улога добива по неверојатни 1 милион долари за секоја снимена епизода, но и покрај големата слава тој и по 12 години, сè уште е во врска со својот партнер, Тод Спајвак.

4. Синтија Никсон

10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

Фактот дека Никсон е отворено хомосексуалка е само уште еден доказ за нејзината големина. Како Миранда Хобс во ТВ серијата „Сексот и градот“, таа многу убедливо го дели креветот со многу жешки мажи. Не би рекле? Сетете се само на секс сцената со нејзиниот сопруг, Стив, во серијата.

5. Мет Бомер

10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

Девојки, седите? Да, вистина е, Мет Бомер кој е најдобро познат со своите улоги во филмовите „Бела јака“ и „Магичниот Мајк“ има изјавено дека е хомосексуалец и дека е заљубен. Тој е во брак со публицистот Сајмон Холс од 2011-та година, но прв пат јавно го признал тоа кога им се заблагодарил на сопругот и нивните деца при прифаќањето на хуманитарната награда „Стив Чејс“ во 2012-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар