Поучна приказна: Чаша вода

Поучна приказна: Чаша вода

Професорот го започнал своето предавање држејќи чаша вода. Ја подигнал за сите студенти да можат да ја видат и ги прашал:

„Колку мислите дека тежи оваа чаша?“

„50 грама… 100 грама… 125 грама…“ – одговарале студентите.

Поучна приказна: Чаша вода

„Нема да знаеме додека не ја измериме“ – продолжил професорот. „Но, моето прашање е: Што ќе се случи ако ја држам вака неколку минути?“

„Ништо…“ – велеле студентите.

„Добро, а што ќе се случи ако ја држам вака цел час?“ – прашал пак.

„Ќе почне да ве боли раката“ – рекол еден од студентите.

„Така е, а што ќе се случи ако ја држам вака цел ден?“

„Ќе ви се вкочани раката. Болките може да станат многу големи и сигурно ќе треба да одите на лекар“ – додал друг студент и сите почнале гласно да се смеат.

„Така е. Но, дали за сето ова време тежината на чашата се промени?“ – прашал професорот.

„Не“ – одговориле студентите.

„Тогаш, што ги предизвикува болките во раката?“ – прашал професорот и ги збунил студентите. „Што треба да направам за да престане да ме боли?“

„Да ја спуштите чашата“ – одговорил некој.

„Токму така“ – рекол професорот.

„Вака е и со проблемите во животот. Држете ги неколку минути во главата и изгледаат ОК. Мислете на нив подолго време и почнуваат да ви предизвикуваат главоболки. Задржете ги во мислите уште подолго и почнуваат да ве парализираат. Нема да можете ништо да направите.

Важно е да се размислува за предизвиците и за проблемите во животот, но УШТЕ ПОВАЖНО е да ги ОСТАВИТЕ на крајот од секој ден, пред да си легнете да спиете. На тој начин, нема да бидете под стрес, секој ден ќе се будите свежи и силни и ќе бидете способни да се снајдете со секој проблем што може да ви се појави на патот.

Па запомнете, пред да го започнете новиот ден, не заборавајте ДА ЈА СПУШТИТЕ ЧАШАТА претходната ноќ.“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. mladamajka Reply

    navitsina ubavo i pouchno kazhano

Напиши одговор на mladamajka Откажи одговор