Цитати од дневникот на Курт Кобејн

Цитати од дневникот на Курт Кобејн

Дневникот на Курт Кобејн всушност е колекција на многу негови текстови и цртежи кои после неговата смрт се собрани на едно место. Низ нив харизматичниот рокер ја разголува својата душа кажувајќи како гледа на светот околу себе.

Цитати од дневникот на Курт Кобејн

„Не сум многу начитан, но кога читам, читам квалитетно.“

Некои луѓе читаат многу, но малку учат од тоа. Со овој цитат Курт истакнал дека не чита за да има многу прочитано, туку за да расте духовно.

„Инспириран сум да пишувам само затоа што сум изнервиран.“

Како и кај многу други уметници, гневот е главната движечка сила и во неговото творештво. За жал, тоа го претвори во автодеструктивец, но зад себе остави музика во која оваа емоција се чувствува подобро отколку кај кој било друг музичар.

„Тешко е да се дешифрира разликата помеѓу искрен забавувач и чесен измамник.“

Кобејн творел во состојба на силен емоционален набој, но бргу сфатил дека неговата конкуренција не секогаш го прави истото. Оттаму и неговата длабока разочараност од шоу бизнисот.

„Мислам дека проблемот со нашата работа е во тоа што немаме доволно возбудлива вистинска приказна за да направиме добра приказна.“

Вака тој ја разбира забавната индустрија и нејзиниот лажлив начин на придобивање на масите.

„Сакам кога имам цврсти ставови кои немам со што да ги поткрепам освен со мојата основна искреност.“

Како голем идеалист, Кобејн сака ставовите да ги поврзува со емоциите. Смета дека човек со такви ставови е најискрен.

Цитати од дневникот на Курт Кобејн

„Музиката е енергија. Расположение, атмосфера. Чувство.“

Уметниците како Курт внесуваат многу емоции во своите дела. Ја пренесуваат целата своја енергија, а кога на концертите таа енергија ќе почне да кружи меѓу бендот и фановите, од тоа ќе се изроди незаборавна атмосфера и многу позитивни чувства.

„Теоријата е губење време.“

Многумина не би се согласиле со буквалното толкување на овој цитат, но Кобејн се обидува да каже дека животот треба да се живее. Како резултат на ова, можат да произлезат нови теории кои повторно ќе треба да се тестираат во пракса.

„Не можеш ни да замислиш како си ме силувал.“

Тој често зборувал за емоционално силување. И тоа предизвикува огромна болка за човечката душа.

„Наскоро ќе ни треба спреј против одвратни девојки.“

Харизмата на рок ѕвездите привлекува милиони девојки. Поголемиот дел од нив само врескаат додека ги слушаат како свират, но меѓу нив има и такви кои упорно се обидуваат да влезат во нивниот кревет, макар било тоа и само колку да го имаат тоа во својата биографија.

„Смачено ни е од тоталната неизвесност. Кога треба да свириме, си мислиме ‘дали ќе бидеме за никаде?’“

Дури и кога ќе се достигне врвот на славата, заслужен со претходна напорна работа, сомнежот во своите способности може сè уште да делува.

„Нема таква сила која ќе те спаси од заборавот.“

Што и да правиш, тоа нема да биде доволно за сите вечно да те паметат. Затоа треба да се трудиш да го живееш сегашниот миг и да не се грижиш премногу за далечната иднина.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар