Овие 6 утрински навики може да ви го скратат животот

Овие 6 утрински навики може да ви го скратат животот

Постојат две групи луѓе: оние за кои појадокот е најважниот оброк во денот и оние кои редовно го прескокнуваат. Сепак, првиот оброк во денот може да има големо влијание врз целокупното здравје. Покрај тоа, лошите утрински навики може да ви го скратат животот поради зголемувањето на ризикот од хронични болести.

Овие 6 утрински навики може да ви го скратат животот

1. Прескокнувањето на појадокот може да влијае на метаболизмот

Ако го прескокнете појадокот, тоа може да влијае на вашата тежина. Едно истражување од февруари 2020 година објавена во „Списание за клиничка ендокринологија и метаболизам“ открива дека учесниците кои јаделе обилен појадок (наместо обилна вечера) согорувале речиси двојно повеќе калории во текот на денот. Оние што појадувале имале и пониско ниво на шеќер во крвта. Исто така, истражувањето открило дека учесниците кои јаделе нискокалоричен појадок имале поизразено чувство на глад. Сите овие ефекти се поврзани со дебелината, а истражувањата потврдуваат дека животниот век може да се скрати за 14 години.

2. Сланината може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево

Едно истражување открило дека јадењето само едно парче сланина на ден (околу 25 грама) го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 20 проценти. Во истражувањето кое траело пет години учествувале речиси половина милион луѓе од Велика Британија на возраст од 40 до 69 години.

3. Ако пиете сок за време на појадокот, може да се зголеми ризикот од дијабетес тип 2

Едно истражување од септември 2019 година објавена во списанието „Diabetes Care“ покажа дека зголеменото пиење овошни сокови за половина чаша или повеќе на ден го зголемува ризикот од дијабетес. Наместо тоа, истражувачите предлагаат замена на соковите со цели парчиња овошје што содржат многу повеќе влакна.

4. Сокот од грејпфрут може да влијае на ефективноста на вашите лекови

Ако сте љубител на свежо исцеден сок од грејпфрут што сакате да го пиете со појадокот, бидете внимателни и обидете се да ја прескокнете таа навика, особено ако пиете лекови. Истражувањата покажуваат дека сокот од грејпфрут може да влијае на ефикасноста на одредени лекови, како што се лековите за намалување на холестеролот и лековите за намалување на крвниот притисок.

5. Пиењето кафе премногу рано може да влијае на регулирањето на шеќерот во крвта

Едно истражување спроведено минатата година на Универзитетот во Бат откри дека ако пиењето црно кафе е првото нешто што го правите наутро, тоа може негативно да влијае на контролата на шеќерот во крвта и да го зголеми ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

6. Ако го прескокнете појадокот, тоа може да влијае на здравјето на вашето срце

Едно истражување од април 2019 година, објавено во списанието „Американски колеџ за кардиологија“, опфатило 6 550 возрасни лица во САД и открива дека оние кои го прескокнуваат појадокот имаат за 87% поголем ризик да умрат од кардиоваскуларни болести отколку оние кои појадуваат. Имено, прескокнувањето на појадокот може да доведе до покачено ниво на холестерол и висок крвен притисок.

Прочитајте ги овие 5 правила за појадок со кои ќе го намалите вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар