Научниците докажаа: Подобро е да се биде сингл отколку во лоша врска

Научниците докажаа: Подобро е да се биде сингл отколку во лоша врска

Група научници неодамна објавија дека е подобро да се биде сам, отколку во врска со погрешна личност, откако спровеле двегодишно истражување на оваа тема. Студијата е објавена во научното списание „Family Psychology“ и докажува дека е подобро да се биде сингл, затоа што љубовните врски се тесно поврзани со физичкото и психичкото здравје.

(1) Научниците докажаа - подобро да се биде сам отколку во лоша врска

Научниците од Универзитетот во Бафало, САД, поминале две години набљудувајќи ги животите на 200 млади луѓе кои биле во сериозни врски, без оглед дали станувало збор за брак или врска, затоа што и двете влијаат врз нашето здравје. Голем број луѓе сметаат дека е подобро да се забавуваат со некого, иако не се чувствуваат целосно среќни со таа личност, само да не бидат сами и да не се чувствуваат осамено. Но, новото истражување докажува дека токму таквите врски можат да му наштетат на нашето здравје. Резултатите покажуваат дека партнерите кои се чувствуваат пријатно во својата врска, имаат меѓусебно разбирање и немаат секојдневни расправии, всушност се во подобра здравствена состојба.

Според Ешли Бар, авторот на ова истражување, недостатокот на стабилност во врската е директно поврзан со депресијата, зависноста од алкохолот и генерално влошената здравствена состојба кај луѓето. Истото прашање го покрена и научниот магазин „Psychosomatic Medicine“. Личноста која постојано има расправии со својот партнер/партнерка, се соочува со 8,5% поголеми шанси за развој на кардиоваскуларни болести, во споредба со некој кој живее во врска полна со љубов и хармонија.

Затоа размислете малку за тоа каква е вашата врска? Можеби е време да смените нешто и да обрнете внимание на вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар