Оваа пчела се обидува да ја прошири свесноста за нејзиниот вид на социјалните мрежи

Модерниот свет постојано се менува и тоа не само што влијае на природата, туку има суров ефект и на многу животински видови. Еден од овие видови кои е на прагот пред изумирање се пчелите. Со оглед на тоа што има многу кампањи за спасување на пчелите, сигурно досега имате чуено нешто за нив. Но, тоа што не очекувавте е дека пчела ќе почне да се бори за својот вид!

Користејќи ги социјалните мрежи, пчелата позната како Б се обидува да собере пари за да ги спаси сите останати пчели. Таа веќе е ѕвезда и инфлуенсерка на социјалните мрежи, со повеќе од 122 илјади следбеници.

Таа е компјутерски изработена пчела од страна на „Foundation de France“, филантропска мрежа основана од француската влада во обид да ги спаси пчелите. Тие се обидуваат да соберат доволно средства за да го спасат овој бесценет вид на планетата без кои екосистемот целосно би се нарушил, а можеби дури и не би преживеал.

„Во Франција, повеќе од 30% од сите колонии со пчели исчезнуваат секоја година“, пишува на нивниот веб-сајт. „Заштитата на пчелите е исто така и заштита на луѓето.“

Погледнете ги забавните и моќни фотографии за борбите на пчелата Б и дознајте нешто повеќе за како можете да им помогнете на пчелите и во вашето живеалиште. Не заборавајте дека промената почнува од самите нас, па доволно е само еден човек да направи чекор во правилната насока за да повлече многу добро со него.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар