Откријте зошто Норвежаните се едни од најуспешните луѓе на планетата

Откријте зошто Норвежаните се едни од најуспешните луѓе на планетата

Норвежаните во најголемиот дел од годината се опкружени со мраз, снег, мрак и студ, но сепак се едни од најпозитивните луѓе на светот. Токму затоа и една професорка од Универзитетот Стенфорд заминала да го истражува северот од Норвешка со цел да ги проучува луѓето во текот на зимата. Таа била изненадена од откритието.

Откријте зошто Норвежаните се успешни луѓе

Зимата е период од годината кога деновите се кратки и облачни, ветерот силно дува, а студот ви се вовлекува во коските. Не ви се станува од кревет и немате доволно енергија за ништо, па само чекате што побрзо да дојде лето. Професорката Кари Лебовиц се обидела да открие како жителите на гратчето Тромсо се прилагодуваат на зимата. Овој град се наоѓа на остров каде што сонцето не изгрева два месеци во годината, но и покрај тоа, таму живеат 70.000 луѓе.

Откријте зошто Норвежаните се успешни луѓe

Но, тоа што е навистина чудно во сето ова е фактот дека тие луѓе воопшто не се несреќни. Дури се чини дека Норвежаните напредуваат во мракот. Професорката дошла до заклучок дека тоа е резултат на нивното размислување. Тие не мислат дека зимата е депресивна, туку напротив ѝ се радуваат. На пример, поради зимските спортови како што е скијањето. И поради уште една причина: Коселиг. Тоа е помислата за галење под топло ќебе и чувство на удобност пред запалениот камин. Тоа е позитивно чувство, па зошто да не се радувате со него?

Лебовиц одлучила да направи скала на зимскиот начин на размислување, со која би се измерило колку се позитивни жителите на Тромсо. Резултатите од истражувањето во Норвешка откриле дека позитивниот начин на размислување во зима е поврзан со поголемо уживање во животот и подготвеноста да се посветат на предизвиците, кои доведуваат до личен напредок и позитивни емоции.

Откријте зошто Норвежаните се успешни луѓе

Што е тоа што го поседуваат Норвежаните и со кои трикови се служат за да му пркосат на целиот свет? Се работи за високото ниво на ментална дисциплина и сила. Меѓутоа професорката тврди дека Норвешка е една од најнапредните земји, а градот Тромсо е центар на нафтената и ИТ индустрија. Останува само уште прашањето е дали и финансиската состојба на жителите има влијание врз нивната ментална сила и доброто расположение?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар