7 причини зошто мажите се плашат од независни жени

Младите девојки се поттикнуваат да размислуваат со своја глава и да се трудат да заработат сопствени пари, но кога тие пред светот ќе се појават како решителни, храбри и моќни жени, тогаш општеството веднаш се дистанцира од нив. Со подигнати веѓи и цврсто стегнати усни, општеството брзо им дава до знаење дека самоуверените жени кои имаат свое мислење не се добредојдени.

7 причини зошто мажите се плашат од независните жени

Лажното чувство на прифаќање и лажната отвореност се прилично опасни. Што се крие зад неподготвеноста на општеството вистински да ги прифати независните жени на искрен начин? Страв. Всушност, секогаш најмногу ги мразиме нештата од кои се плашиме. Од каде тој страв? Што се крие под површината? Зошто независните жени се трн во око на многумина мажи?

1. Затоа што тие не бараат дозвола

Независните жени немаат потреба да им кажете дали нешто е во ред или не е. Тие имаат свои утврдени правила до кои се придржуваат и кои самите си ги прифатиле како вистински.

2. Затоа што тие не се плашат да имаат свое мислење

Независните жени имаат независни мисли. Тие ја поседуваат најголемата слобода – слободата на умот. Токму затоа и не сакаат и не дозволуваат некој да им го „пере мозокот“, наведувајќи ги да мислат или чувствуваат на одреден начин, особено ако тоа е спротивно од нивните силни морални и етички начела.

3. Затоа што не им е потребно вашето одобрување

Самоуверените жени не се потпираат на други, бидејќи тие својата стабилност ја нашле длабоко во себе. Кога вашата самодоверба доаѓа од вас самите и кога таа не зависи од површните комплименти или одобрувања, тогаш се работи за вистинска самодоверба.

4. Затоа што тие не се плашат да уживаат во својата слава

Независните жени не се кријат зад маските од „лажна скромност“. Тие нема да ги прекрстат рацете и да глумат дека не се горди на своите достигнувања бидејќи се искрени и преправањето дека не се горди на себе би било лага.

5. Затоа што знаат да исплашат, а не да бидат исплашени

Независните жени не се плашат од хиерархијата. Тие знаат дека не постои причина зошто да се плашат освен ако не станува збор за физичка опасност. Затоа многумина ги сметаат за застрашувачки, диви суштества, посебно оние кои користат евтини трикови за заплашување како би се стекнале со почит.

6. Затоа што не им сте потребни. Кога љубат, тие љубат затоа што така одлучиле, а не затоа што имаат потреба од некого. Тоа е најчистата љубов

Тие изгледаат страшно за општеството, затоа што не им е потребен никој за да се чувствуваат комплетно. Општеството често има потреба да го прикажува женскиот пол како немоќен и неснаодлив, а тоа може да се окарактеризира и како начин за контрола. Независните жени не се вклопуваат во ова размислување.

7. Затоа што не им е важно дали ви се допаѓаат

Независните, отворени и паметни жени го прифаќаат фактот дека нема да им се допаѓаат на сите и за разлика од останатите, тоа воопшто не им пречи. Тие владеат со своите мисли и чувства со толкава сигурност, што и бескрајната омраза упатена кон нив од страна на општеството едноставно не е доволна за да им застане на патот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар