Не сте утрински тип? Тоа може да биде знак на интелигенција!

Не сте утрински тип? Тоа може да биде знак на интелигенција!

Се будите рано на сабајле без проблем и едвај чекате да го започнете денот или пак можеби сте од оние кои едвај стануваат од кревет? Сакате да спиете до подоцна, а спиењето ви е омилена активност? Имаме добра вест за вас!

Не сте утрински тип? Тоа може да биде знак на интелигенција!

Истражувачите во една студија велат дека луѓето што се „ноќни птици“ се многу интелигентни. Тие сметаат дека е важно да го погледнеме нашето потекло. Според истражувачите, наште предци станувале рано и си легнувале рано, а ако вие сте оние што отстапуваат од овие норми значи дека сте во согласност со модерниот живот. Тоа е според истражувачите само по себе знак на интелигенција, а освен тоа, со одлагањето на часовникот покажуваме иницијатива кога не сакаме да станеме.

Ако имате видлива желба и го слушате своето тело, како што е одбивањето да станете наутро, тоа значи дека сте независни, а луѓето што ги следат своите страсти покажуваат јасни знаци дека се покреативни и смислуваат сопствени решенија.

Освен нив, истражувачи од Белгија проучувале неколку луѓе кои биле ноќни птици и неколку луѓе кои биле ранобудници. Била мерена активноста на мозокот час и половина после будење и 10 часа после будење.

Во утринскиот тест после час и половина од будењето и ноќните птици и ранобудниците биле подеднакво продуктивни. Но, 10 часа после будењето луѓето што биле ноќни птици биле попродуктивни.

А, дали ќе бидете утрински или ноќен вид не одредувате самите туку вашата генетика. Се воспоставило дека малиот збир мозочните клетки е задолжен за утринскиот час кој ги прави тие избори.

Други истражувачи ги набљудувале обрасците на спиење кај 1.229 мажи и жени, како и нивните социоекономски околности. Истражувањето покажало дека луѓето кои си легнувале околу полноќ и се буделе после 8 часа имале поголеми приходи и посреќен живот во однос на ранобудниците. Сепак, ова не значи дека е во ред да го преспиете вашиот живот. Луѓето кои поминувале 12 и повеќе часа во кревет биле изложени на поголем ризик од прерана смрт. Луѓето со најнизок ризик биле оние кои спиеле осум часа.

На крајот, сонот е премногу важен за да не му обрнуваме внимание. Многу е важен неговиот квалитет, не за џабе се вели дека добар сон е половина здравје. Постојат многу негативни последици од недоволното спиење, затоа, потрудете се да имате квалитетен сон и да се будите свежи и наспиени.

Прочитајте и како смислата за хумор ја одредува вашата интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар