5 извори на секојдневна радијациjа за кои не сме свесни

Во текот на годината, ние сме изложени на околу 620 милирени (радиоактивни честички) кои делумно произлегуваат од природни извори (на пример, храната) и уреди кои се дело на човечката рака. Според едно неодамнешно истражувањето спроведено, во текот на годината, една половина од радијацијата доаѓа од природното опкружување, додека другата половина, доаѓа од вештачки извори (медицината, индустријата).

(1) 5-izvori-na-radijacija-za-koi-ne-sme-svesni

Прочитајте ги следниве 5 извори на секојдневна радијација за којашто не сме свесни. Исто така имајте на ум дека рем е мерна единица која ја означува количината на еквивалентната доза јонизациското зрачење. Настаната е врз основа на мерната единица рендген.

1. Воздух и земја

Радон е благороден гас кој најмногу го има во почвата. Станува радиоактивен при распаѓање на радиумот. Според статистиките, радиумот е еден од најчестите причинители на тумор.

2. Храна

Скоро секоја храна содржи траги од радиоактивни елементи на калиум и радиум. Тоа е многу мала количина, која на годишно ниво изнесува околу 30 милиреми. На пример, бананите се познати како овошје кое содржи радиоактивен изотоп. Меѓутоа овие количини не се опасни по здравјето.

(2) 5-izvori-na-radijacija-za-koi-ne-sme-svesni

3. Сонце

Иако Земјината атмосфера нè штити од штетните космички зрачења кои пристигнуваат на нашата планета одбивајќи се од ѕвездите и други планети, сепак одредена количина од оваа радијација стигнува до нас. Местото на живеење има улога во количеството радијација на која сме изложени. На пример, на повисоките надморски височини е поголема изложеноста на УВ-зраците.

4. Летање со авион

Апсорбирањето на зрачење за време на летот зависи од висината и ширината на авионот. За време на еден просечен лет, човекот прима од 2 до 5 милиреми, што е помалку од половина од зрачењето од рендгенското снимање.

5. Мобилни телефони

Во Сан Франциско била преземено иницијатива за истакнување на количината на зрачење кое е предизвикано од мобилните телефони на декларациите од произведувачите. Но, ваквите податоци сè уште не се појавени. Исто како и објектите кои емитуваат радио бранови и Интернет мрежите, така и мобилните телефони се извор на зрачење. Експертите советуваат да се користат слушалки за време на разговорите, како и во текот на ноќта, телефоните да се чуваат подалеку од главата.

Погледнете ги и овие 7 чудни нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар