Давањето смартфон на дете е исто како да му се дава дрога

Давањето смартфон на дете е исто како да му се дава дрога

Смартфоните имаат слично влијание како и дрогата. Можеби ова звучи чудно и морбидно, но сепак е вистина. Давањето смартфон на дете е исто како да му се дава дрога. Терапевт по зависност, од Велика Британија, го потврдил ова откако станал свесен за зголемената зависност на тинејџерите од телефоните.

Милиони луѓе го поминуваат денот скролајќи на телефоните, надевајќи се дека ќе видат нешто интересно на Инстаграм или Фејсбук. Оваа „рутина“ може да предизвика зависност како дрогата и алкохолот.

(1) Davanjeto pameten telefon na dete e isto kako da mu se dava droga

Ситуацијата повеќе не е смешна. Ова е зависност!

Џенифер Им, професорка на Универзитетот Квангвун, Кореа, објавила студија која се базирала на зависноста од смартфони. Во нејзиното истражување учествувале 2.000 деца на 12-годишна возраст. Професорката објаснила дека оваа зависност може да предизвика проблеми на физичкото и психичкото здравје кај децата. Зависноста од смартфонот може штетно да влијае и на училишниот успех кај детето.

50% од тинејџерите ги користат своите смартфони редовно

Истражувањата покажале дека над 50% од тинејџерите се зависни од своите смартфони и дека тие се свесни за тоа. Околу 84% од овие тинејџери, изјавиле дека не би можеле да поминат ден без смартфон. Оваа зависност може да предизвика депресија, анксиозност, болки во зглобовите и вратот, проблеми со спиењето, како и чувство на несигурност.

Знаци за зависност од смартфон

Како да препознаете дали некоја личност е зависна од својот смартфон? Тие постојано ги проверуваат телефоните без никаква причина, а ако не го направат тоа одредено време, стануваат анксиозни. Дали сте знаеле дека некои луѓе се будат во текот на ноќта само за да го проверат својот смартфон? Сето ова води кон слаби академски остварувања.

Оваа зависност се лечи како и секоја друга и пациентите често се справуваат со гнев, депресија, напнатост и немир.

Родителите се пример за децата

Според списанието Педијатриско детско здравје, родителите претставуваат најголем пример за децата. Тие можат да ја спречат оваа зависност на многу едноставен начин. Престанете да го користите вашиот смартфон по цел ден и бидете пример за вашите деца! Не го користете смартфонот за време на јадење.

Смартфоните предизвикуваат ментални проблеми кај 2-годишните деца

Професорите Жан Твенге и Кит Кемпбел, од Државниот Универзитет во Сан Диего, направиле истражување на 40.000 деца во Америка. Децата биле помеѓу 2-7 годишна возраст. Резултатите покажале дека поминатото време на социјалните медиуми и гледањето видеа, влијае на нивната емоционална благосостојба.

Околу половина од децата кои користат смартфони повеќе од 2 часа, го губат трпението и не можат да се смират лесно. Децата помеѓу 2 и 5-годишна возраст не треба да користат смартфони бидејќи им влијае на менталното здравје.

Екраните предизвикуваат проблеми во однесувањето

Екраните можат да предизвикаат проблеми во однесувањето кај децата и тинејџерите. Поминувањето 4 часа дневно гледајќи во смартфонот, предизвикува тинејџерите да се однесуваат анксиозно и нивната љубопитност се намалува. Да не заборавиме дека ќе бидат и помалку социјални.

Ограничено време на екранот

Децата кои се под 5-годишна возраст, може да ги користат смартфоните најмногу 1 час, додека децата кои се на училишна возраст до 2 часа.

Смартфоните прават повеќе штета отколку добро, но за жал, некои од родителите го игнорираат овој проблем. Да, смартфоните ни помагаат да се поврземе со нашите пријатели и семејство, но прекумерното користење на овие уреди може да предизвика анксиозност и депресија. Ограничете го времето кое го поминувате со вашите паметни уреди и децата ќе го следат вашиот пример. Едноставно е!

Прочитајте ги и овие едноставни совети кои ќе ви помогнат да ги научите децата на убаво однесување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар