Направете сами: Снежно бел венец за врата

Автор: Сара Турановиќ

Во текот на празниците постојано е актуелно уредувањето на домот во склад со сезоната. Притоа венецот за на врата е задолжителен елемент кој не смеете да го заобиколите, особено пред Божиќ. Ви предлагаме како да направите едноставен и евтин венец во снежно бела боја. Можете да го правите во друштво на вашите деца, за нив тоа ќе биде забавно, но и поучно.

1-napravete-sami-snezhno-bel-venec-za-vrata-kafepauza.mk

Потребен материјал:
  • Гранки долги околу 1 метар (на нив може да има суви лисја)
  • Бел спреј
  • Бел сјај
  • Украсна лента долга околу 1 метар
  • Шишарки
  • Лепак, ножици, коноп

2-napravete-sami-snezhno-bel-venec-za-vrata-kafepauza.mk

Од гранките направете венец. Испреплеткајте ги меѓусебно, но за поголема сигурност зацврстете ги со коноп или жица.

3-napravete-sami-snezhno-bel-venec-za-vrata-kafepauza.mk

Испрскајте со бел спреј, а додека спрејот е свеж напрскајте и сјај. Потоа повторете ја истата постапка со шишарките. Кога ќе се исушат шишарките, залепете ги на венецот. Шишарките со различна големина ќе му дадат супер текстура.

4-napravete-sami-snezhno-bel-venec-za-vrata-kafepauza.mk

На крај ви останува да го закачите на вашата врата.

Бонус интересен предлог

Сè што ви е потребно е закачалка, шишарки, бел спреј и лепак. Свиткајте ја закачалката како што е покажано на сликата. Испрскајте ги шишарките со бел спреј и оставете да се исушат. Залепете ги и ставете украсна машна на врвот.

5-napravete-sami-snezhno-bel-venec-za-vrata-kafepauza.mk 6-napravete-sami-snezhno-bel-venec-za-vrata-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар