Претходно
Најубавите бесценети чувства во животот
Датум: 13 дек 2012
Животот го прават убав малите нешта. Ова се неколку бесценети чувства кои го прават животот поинтересен, макар и на кратко.
1. Чувството кога ќе го извадиш заштитниот целофан од нов уред

2. Чувството кога ќе го наполниш резервоарот докрај

3. Чувството кога ќе се разбудиш во ниедно време и кога ќе сфатиш дека имаш уште многу време за спиење

4. Чувството кога автоматот ќе ти ја прифати банкнотата од прва

5. Чувството кога ќе си дојдеш во влез и лифтот е веќе на приземје

6. Чувството кога ќе облечеш кратки панталони првпат во годината

7. Чувството кога ќе купиш некој технички уред и прво што правиш ги пукаш меурчињата од заштитната обвивка

8. Чувството кога првпат ќе стапнеш во песок на одмор

9. Чувството кога тимот за кој навиваш ќе стане шампион

10. Чувството кога си доаѓаш дома мртов гладен, а мајка ти зготвила нешто вкусно

11. Чувството кога ќе се разбудиш испаничен и почнуваш да се спремаш за на училиште/работа и по неколку секунди сфаќаш дека е сабота

12. Чувството кога ќе си облечеш тренерки, откако цел ден си го поминал во неудобна облека

13. Чувството кога ќе се разбудиш наспан од дремка, а си спиел само 20 минути

14. Чувството кога ќе ја пронајдеш на интернет песната која еднаш си ја чул, а ти се вртела во глава цела недела

15. Чувството кога ќе положиш испит за кој не си се спремил доволно

16. Чувството кога совршено ќе ја извадиш цената од производот кој си го купил за подарок































Kolku e samo preubav zivotot <3 vi nedostigase vakva statija :))
Malite nesta ne pravat srekni:)