Најмладите деца во семејството мислат дека се најсмешни

Многумина ќе се согласат дека најмладите деца во семејството секогаш добиваат посебно внимание од страна на родителите, а едно истражување од 2018-та дури и го докажува тоа. Според друго истражување, најмалите деца себеси се сметаат за најсмешни.

Најмладите деца во семејството мислат дека се најзабавни

Британската фирма „Јутгов“ во 2015-та година направила анкета врз над 1.500 Британци кои имаат барем еден брат или сестра. Резултатите покажуваат дека 46% од испитаниците кои се најмлади деца во своето семејство тврделе дека имаат поголема смисла за хумор од своите браќа или сестри. Од друга страна, само 36% од оние испитаници кои се најстари деца го сметале истото.

Истото истражување покажало и дека најмладите деца се и најбезгрижни. 42% од нив кажале дека се порелаксирани од нивните браќа или сестри, но само 31% сметале дека се поодговорни. Кај најстарите деца, 54% се сметале за поодговорни.

Во истата анкета, 17% од оние кои се најмлади деца кажале дека сметаат дека се омилени кај родителите, додека само 10% од оние кои се најстари деца го чувствувале истото.

Погледнете и како да ги научите децата да бидат позитивни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар