Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

Дали се сеќавате на деталите од вашиот прв роденден? Секако дека не. Но, Ребека Шерок се сеќава, затоа што 27-годишната девојка од Бризбејн е надарена со високо супериорна автобиографска меморија. Ова нарушување не им дозволува на луѓето да заборават ништо и се верува дека само 60-80 луѓе во светот го имаат. Како последица на тоа, Ребека може да се сети на секој дел од нејзиниот живот до најситни детали, без разлика дали се работи за нејзините соништа што ги имала кога била 18 месеци стара или за моментот кога била фотографирана во автомобил само 12 дена по нејзиното раѓање!

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

„Моите родители ме однесоа до возачкото седиште во автомобилот (идеја на татко ми) и ме седнаа на него за да ме фотографираат. Како новороденче, бев љубопитна да дознаам повеќе за воланот пред мене и покрај тоа што на таа возраст сѐ уште ја немав развиено способноста да станам и да го истражувам светот околу мене“, изјавила Ребека.

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

Ако ова не ве импресионираше, можеби ќе ве фасцинира фактот што таа може да ви го изрецитира целиот серијал на книгите „Хари Потер“ од збор до збор. Моментално таа пишува книга за нејзините искуства со наслов „Мојот живот е сложувалка“ (My Life is a Puzzle).

„Еднаш додека читав весник во 2014 година, налетав на статија која тврдеше дека луѓето не можат да се сетат на нештата што им се случувале пред да наполнат 4 години. Кога завршив со читање, си помислив ’Какви глупости!’. Моментално ја пишувам мојата книга ’Мојот живот е сложувалка’ и сеќавањата на настаните што ми се случувале пред да наполнам 4 години сочинуваат едно многу долго поглавје“, објаснила Ребека.

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

Прочитајте ги и останатите исповеди на оваа девојка со ретко нарушување на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар