Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот - Part 2

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

„На самиот почеток од мојот живот, поминував многу време во креветчето гледајќи ги играчките околу мене и фенот што стоеше до мене. На мојот прв роденден немав поим што се случува. Сѐ што знаев беше дека мајка ми ми облекуваше сатенски фустан што ме чешаше и дека плачев. Знам дека ми кажаа дека ова е мојот посебен ден и дека многу луѓе ќе дојдат да ме видат. Сѐ уште не разбирав ништо, но престанав да плачам на крајот. Истиот ден моите родители ми подарија кадифена играчка со ликот на Мини Маус чие лице ме исплаши, но не можев да го кажам тоа со зборови. Сѐ што можев да направам е да ја фрлам секогаш кога ќе ја видев.“

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

„Кога имав околу 18 месеци почнав да сонувам секогаш кога ќе заспијам. На таа возраст мислев дека си одам од дома секоја вечер и затоа сакав мајка ми да биде до мене додека спијам. Веднаш по мојот втор роденден, се роди сестра ми Џесика. Не разбирав што е тоа сестра и бев позаинтересирана да си играм со моето вовче. Иако правев неволји во текот на наредната година, кога сфатив дека не сум единствено дете, почнав сѐ да делам со сестра ми и ѝ ги давав моите играчки и стари алишта.“

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

Прашање е дали ние луѓето навистина ги забораваме работите. Луѓето кои страдаат од деменција и Алцхајмерова болест во раните фази можат да се сетат на некои далечни настани од минатото без никаков проблем иако претходно им се чинело дека засекогаш ги заборавиле. Најпрво се буди краткотрајната меморија, но потоа и нивната долготрајна меморија почнува да зајакнува. Но, како што болеста станува посилна така сите сеќавања почнуваат да исчезнуваат.

Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

Има уште толку многу работи што треба да ги откриеме за човечкиот мозок пред да дознаеме како функционираат сеќавањата. Нашиот мозок е контролниот центар на целото наше постоење, а сеќавањата ги сочинуваат сите нешта што сме ги научиле, свесно или потсвесно. Постојат различни видови меморија што сите ние ги поседуваме. Луѓето со ова нарушување како Ребека на пример не се разликуваат по ништо друго освен по фактот што можат да се сетат на автобиографските сеќавања до најситни детали.

(8) Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

Погледнете го и следново видео во кое Ребека го објаснува нејзиното ретко нарушување…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар