Најлудите теории на заговор од светот на литературата

Најлудите теории на заговор од светот на литературата

Ако читате помеѓу редови од вашиот омилен роман, сигурно ќе откриете и некоја ваша теорија на заговор. Со текот на времето луѓето изнесувале навистина чудни тврдења за книгите и за нивните автори. Погледнете ги најлудите теории на заговор од читателите.

1. Дали Џ. К. Роулинг навистина постои?

(1)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Роулинг била просечна мајка која успеа да стане еден од најпознатите и најбогатите автори во светот. Барем така вели издавачката куќа Bloomsbury. Според еден режисер од Норвешка, Нине Грунфелд, познатата Роулинг воопшто не постои. Таа верува дека книгите се премногу успешни за да бидат дело на жена. На Нине не ѝ било јасно како Роулинг успеала во 10 години да издаде 7 книги, и да продаде над 250 милиони копии низ целиот свет. Таа тврди дека серијалот Хари Потер е напишан од тим писатели, а жената која ни е претставена како авторката е само актерка која е платена да ги лаже читателите. Зарем не мислите дека Нине е малку љубоморна?

2. Дали Шарлот Бронте ги убила своите сестри?

(2)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Семејството Бронте било навистина посебно. Шарлот ја напишала „Џејн Ер“ (Jane Eyre), Емили ја напишала „Оркански височини“ (Wuthering Heights), а Ана ја напишала „Закупничката на Вајлдфел Хол “ (The Tenant of Wildfell Hall). Во нивно време, успешни биле само романите на Шарлот и Ана, но сите 3 денес се важен дел од англиската литература. За жал, ниту една од сестрите не живеела подолго од 30 години, поради туберкулозата. Или пак причината за смртта била нешто друго?

Според Џејмс Тули, авторот на „Злосторствата на Шарлот Бронте“ (The Crimes of Charlotte Bronte), вистината била многу посурова. Тој сметал дека Шарлот била љубоморна на успехот на своите сестри, па ги отрула и нив и нејзиниот брат. Тули се обидел да ги објави своите теории како роман, но ниту една издавачка куќа не го прифатила. На крајот своето мислење го издал како новела, докажувајќи дека понекогаш вистината не е почудна од фантазијата.

3. Дали Џ. Р. Р. Толкин и К. С. Луис биле окултисти?

(3)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Толкин и Луис се едни од највлијателните писатели во светот на фантазијата, а нивните романи се читаат низ целиот свет. Сепак, неколку теории на заговор тврдат дека и двајцата биле вплеткани во окултизмот и дека биле водичи на Новиот светски поредок – теоријата на заговор која владее со сите.

На пример, во Господар на прстените, окото на Саурон го претставува окото на Илуминатите. Некои тврдат дека Гандалф го претставува познатиот Алистар Краули, а дека Фродо е ученик кој сака да влезе во редот. Исто така постои верување дека Толкин ги копирал романите од Книгата на сенките (The Book of Shadows), викански текст, и дека неговите руни се всушност азбуката на вештерките. Како ова да не е доволно, некои сметаат дека Илуминатите користат прстени за да ги поробуваат луѓето. Познатата поема „Единствениот прстен“ од Господар на прстените наводно била користена за да им ги испере мозоците на новите слуги.

За делата на Луис пак се смета дека прикажуваат пагански соларни суштества. „Лавот, вештерката и ормарот“ (The Lion, the Witch and the Wardrobe) раскажуваат за земја во која владее вечна зима. Оваа клетва се уништува со појавата на лавот Аслан кој го претставувал сонцето. Исто така, некои луѓе сметаат дека морате да ги прочитате делата на Луис ако сакате да се придружите на некој вештерски клан.

4. Дали Едгар Алан По бил убиен?

(4)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

На 3-ти октомври, 1849 година, По се појавил во Балтимор збунет и со туѓа облека. Четири дена подоцна тој умрел, но никој не знае од што. Па, не е ни чудо што се појавила теоријата за неговото убиство. Најчудната од овие теории е тврдењето дека По бил убиен од Масоните. Тој ги налутил бидејќи во „Бочвата од Амонтиљадо“ (The Cask of Amontillado) ги открил нивните злобни намери, па тие го убиле.

5. Кој ги напишал драмите на Шекспир?

(5)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Шекспир бил актер кој не бил ни образован. Поради ова се појавило прашањето како можел да ги напише најубавите драми од англиската литература. Најпознатата теорија е онаа која тврди дека вистинскиот автор бил Френсис Бејкон. Дури и Марк Твен верувал во оваа теорија и тврдел дека може да се пронајдат зборовите „Francisco Bacono“ во првите Шекспирови изданија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар